Регион
Бугарскиот парламент ги намали овластувањата на прорускиот претседател

Бугарскиот парламент вчера ги усвои уставните амандмани со кои се ограничуваат овластувањата на прорускиот претседател, Румен Радев.
Прозападната владејачка ПП-ДБ (Континуирани промени – Демократска Бугарија) и ГЕРБ-СДС (Граѓаните за европски развој на Бугарија – Сојуз на демократски сили), заедно со турската партија МРФ (Движење за права и слободи) го поддржаа нацрт-законот во третото и последно читање.
Двотретинското мнозинство гласови потребно за усвојување на уставните амандмани беше тесно постигнато со 165 од вкупно 240 гласа, пренесе агенцијата БТА.
Тоа значи дека претседателот ќе има помала улога доколку падне коалициската влада и во тој случај повеќе нема да може да го распушти парламентот.
При назначувањето на преодниот премиер претседателот во иднина ќе може да избира само меѓу претседателот на парламентот и членовите на тесниот круг високи владини функционери.
По гласањето, Радев најави дека амандманите ќе ги достави до Уставниот суд сметајќи дека тие може да ги поткопаат темелите на демократска и суверена држава.
Премиерот Николај Денков рече дека претседателот е заинтересирана страна за ова прашање и затоа не може да биде објективен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин