Црна хроника
Кривична против двајца затворски полицајци од Струмица, му овозможиле на осуденик да излезе од затворот

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот В. Т. и 49-годишниот М. С., двајцата од Струмица, вработени во Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“, извести МВР.
Тие се сомничат дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 и овозможување бегство на лице лишено од слобода по член 372 од Кривичниот закон.
„На 4.12.2023, В. Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М. С. со службено возило да однесе лице што издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица.
М. С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В. Т. и М. С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Вчера во 17:45 часот во полиција, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.
Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица.
Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР.
Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пронајден починат маж во дворот на куќа во Драчево

Во полицијата, вчера било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат 68-годишниот Љ.Т. од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека бил извршен увид.