Контакт

Забава

Жената што го нападна Чарли Шин ќе се појави пред судот

Објавено пред

Откриено е името на жената која го нападна Чарли Шин, таа ќе оди на суд следната недела

dobivaj vesti na viber

Жена е уапсена откако ѕвездата на „Два и пол мажи“, Чарли Шин беше нападнатаво Лос Анџелес, соопшти полицијата.

Нападот се случил во средата околу 13 часот, по што американската полиција добила дојава.

„По контактирањето со вклучените страни, властите го идентификуваа Чарли Шин како жртва на нападот“, беше потврдено.

Американските власти соопштија дека жената ќе се појави пред судот во Лос Анџелес во петок. Шин не беше достапен за коментар.

Полицијата во средата дошла во домот на актерот по расправија. Полицајците велат дека 47-годишната сосетка тропнала на вратата на Шин, тој ја отворил, а потоа насилно му влегла во куќата и го нападнала.

Сосетката му ја искинала кошулата на Чарли и се обидела да го задави, а потоа се вратила во нејзината куќа. Чарли се јавил на 911, кои веднаш дошле на местото на настанот, но тој немал повреди поради кои би требало да биде пренесен во болница.

Чарли не е сигурен што го предизвикало инцидентот, но очигледно ова не му е прв проблем со неа. Тој им рекол на полицајците дека верува дека истата жена неодамна му го испрскала автомобилот со некој вид леплива течност. Тој вели и дека истата жена ден пред нападот му фрлала ѓубре пред влезната врата.

Забава

Обожавателите ја критикуваа руската манекенка за нејзината облека во Кан: „Страшно, се може да се види“

Објавено пред

Рускиот модел Наташа Поли беше на Канскиот филмски фестивал. Таа присуствуваше на премиерата на Емилија Перез од Жак Аудиар.

dobivaj vesti na viber

Таа го привлече вниманието на публиката со својата модна комбинација. Имено, таа носеше целосно проѕирен фустан направен од модната куќа Mugler.

Изгледот го комплетираше со нагласена шминка и залижана коса, накит од Картие и црни потпетици. Таа на социјалните мрежи се пофали со својот стајлинг, но наиде на бројни критики од нејзините следбеници.

„Што е ова? Извинете, но ова е ужасно“, „Зошто луѓето носат се помалку облека? Ви ги гледаме интимните делови“, „Очекував поголема елеганција“, се дел од коментарите на следбениците за неа.

38-годишната Наташа почнала да се занимава со манекенство во раните 2000-ти. Од 2004 година, таа се појавува во бројни рекламни кампањи, насловни страници на списанија и модни писти. Таа се наметна како една од најбараните модели, а Vogue Paris ја прогласи за една од 30-те најдобри модели во 2000-тите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Овогодинешен рекорд: музичката драма на шпански јазик доби 9-минутни овации во Кан

Објавено пред

Музичката драма на шпански јазик на Емилија Перез со Зое Салдана, Селена Гомез и Карла Софија Гаскон ги доби најголемите овации досега на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, пишува Variety.

dobivaj vesti na viber

За време на деветминутниот аплауз, Гомез ги бришеше солзите, додека ѕвездите на филмот Салдана и Едгар Рамирез се гушкаа, а режисерот Жак Аудиар мавташе со капата кон балконот.

Гаскон, кој во филмот глуми водач на нарко картел, исто така доби овации.

„Преквалификувана и потценета, Рита (Зое Салдана) е адвокатка во голема фирма повеќе заинтересирана за ослободување криминалци отколку за правда. Еден ден таа добива неочекуван излез кога водачот на картелот Манитас (Едгар Рамирез) ја ангажира да му помогне да се повлече од својот бизнис и да го реализира планот што тајно го подготвувал со години: да стане жена, за што отсекогаш сонувал“, стои во официјалниот синопсис на филмот.

Прикажи повеќе...

Забава

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, носеше фустан со бисери

Објавено пред

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Лонгорија присуствуваше на премиерата на Kinds Of Kindness, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Фустанот ги истакна голиот грб и деколтето.

Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот Kinds of Kindness пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви со својата модна комбинација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет2 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет3 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет3 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет3 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија14 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет15 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион20 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ20 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија22 часа

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ1 ден

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ2 дена

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ2 дена

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија2 дена

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа2 дена

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ2 дена

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија2 дена

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет2 дена

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет2 дена

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија2 дена

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...