Црна хроника
Кафанска тепачка во Илинден заврши со вадење ножеви и пиштоли
Доцна по полноќ околу 1 часот и 35 минути полицијата апсела во угостителски објект во населбата Илинден каде дошло до пресметка помеѓу две групи на млади луѓе.
„Приведени се И.М.(29) од Скопје, Т.С.(32) од с.Штрбово-ресенско и С.К.(28) од с.Орешани-скопско“, информираа од МВР.
Според пријавеното, почнала расправија, а потоа И.М. кој бил заедно со Т.С. од една страна и К.К.(29) од Скопје кој бил заедно со С.К. од друга страна, К.К. со остар предмет замавнал кон И.М. по што И.М. извадил пиштол, а потоа С.К. физички го нападнал И.М.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект што се користел како фурна, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот во објектот, сопственост на М.И. од селото Криволак, изгаснат бил од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино.
Нема повредени лица, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.
Црна хроника
Дрога најдена при претрес на дом во Штип
Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Штип при претрес во дом на 40-годишен жител на Штип пронашле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Претресот, како што информираат од МВР, бил извршен со судска наредба, по што во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип.
-Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.