Македонија
Митева: Над 1.000 вработувања на 4 месеци пред избори, Ковачевски да не се надева дека ова ќе го намали нивниот пораз
Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Над 1.000 вработувања вкупно на само неколку месеци пред избори. Покрај 7 години манипулација и омаловажувања на народот, за крај им приредуваат тронка надеж преку уште едно лажно ветување, а тие ги гледаат граѓаните само како гласачка машинерија, изјави портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„500 вработувања само во ЕСМ и над 500 вработувања во разни институции. Брутален поткуп и играње со чувствата на народот. Се дрзнуваат да ги злоупотребат и нискиот животен стандард, сиромаштијата и маката на народот, само за глас повеќе, но не за да победат, туку за да го намалат изборниот пораз.
Замислете, толку години власт не направиле процена дека има недостаток на кадар туку баш сега, еве Државниот пазарен инспекторат вработуваат 29 лица. Тоа е институцијата која не успеа да воспостави ред и беше злоупотребувана за политички цели, го паметиме Ковачевски како ги проверуваше цените на лебот низ маркетите во придружба на директорот, додека цените вртоглаво растеа, а народот осиромашуваше. Понатаму, во Фондотот за здравствено осигурување предвиделе вработување на 61 лице. Тоа е институцијата која беше мета на хакерски напади со можност за злоупотреба на најдоверливите податоци на граѓаните. Исто така, ништо помалку во оваа тура вработувања не смее да биде ниту првиот вицепремиер Артан Груби каде во неговото министерство за политички систем предвиделе нови 15 вработувања. Се прашуваме дали овие лица физички ќе бидат ангажирани да работат во Министерството за политички систем, а ќе зимаат плата додека работат за нивните портали?
Понатаму Министерството за транспорт и врски ќе вработува 9 лица. Министерството кое што не успеа да заврши ниту еден проект, а не пак да започне некој нов. Се прашуваме дали Благој Бочварски ќе ги ангажира сите овие 9 лица само со надлежности за раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид?
Власта го губи тлото под нозете, стравот од поразот кој ги чека е причина за ваквите потези. Додека зборуваат за реформи во јавната администрација на само 4 месеци пред избори вработуваат над 1000 лица. Нивниот начин на функионирање е и повеќе од јасен, криминал, корупција, притисоци и поткуп надевајќи се дека така ќе успеат да го намалат поразот на изборите. Но, треба да знаат дека манипулациите завршуваат, во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме!“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот
Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ беа нанесувани на нашата држава, кажа денеска на прес-конференција Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„По завршувањето на локалните избори и конституирањето на општинските совети, исклучително сум горд што Унијата на млади сили уште еднаш се потврди како силен генератор на нови кадри и политики кои носат визија и иднина. Благодарение на отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ кон младите, поддршката од сениорските структури и препознавањето на енергијата која ја носи најголемата политичка младина во државата, денес можеме да се пофалиме со над 100 советници низ општините, како и со 3 пратеници во Собранието на Република Македонија – рекорден број досега, директно произлезен од нашите редови“, рече Попов.
Овој успех не е случаен, вели тој. „Тој е резултат на макотрпна работа, упорност и континуирана борба. Тој е доказ за нашата зрелост, кредибилитет и довербата што младите ја градеа во Организацијата со години“.
„Денес, одржавме состанок со нашите новоизбрани советници – состанок на кој се обврзавме заеднички, јавно и одговорно дека ќе работиме чесно, посветено и дисциплинирано во интерес на младите и во интерес на сите граѓани.
За нас како младина, политичките функции не се привилегија – тие се обврска и должност кон државата и кон младите генерации. Како нови советници и пратеници, ја преземаме одговорноста да бидеме постојано достапни, да бидеме на терен, да работиме чесно и посветено за интересите на младите луѓе во Република Македонија.
Наша цел не е само да слушаме и да констатираме факти. Наша должност е активно да создаваме услови младите да станат двигатели на промените: да ги вклучиме во процесите, да ги охрабриме да дискутираат, да предложуваат решенија и да ја почувствуваат локалната самоуправа како свој автентичен простор.
Без разлика дали се работи за комунални прашања, урбанистички планови, спорт, култура, образование, младински иницијативи или екологија – младите ќе ја покажат разликата. Ќе покажеме дека можеме поинаку и подобро и дека можеме да испорачаме резултати што носат иновација, енергија и подобро утре“, истакна Попов.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев
„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Криминалното дуо Филипче-Заев, не се откажува од претседателската фотелја во СДС, па макар тоа и ги довело до уништување на партијата. Заев се уште му ги држи конците на Филипче, а тој возвраќа на секој потег на Заев. Тоа што Александар Трајановски е нов потпретседател на СДС, не е затоа што тој е многу добар или квалитетен, туку затоа што е лојален човек на Филипче и на Заев. Заев се уште ја контролира СДС преку Филипче, а сега си ја потврдува неговата позиција на претседател од сенка со ставање на Трајановски за потпретседател. Од овие тројца, но и од остатокот на раководството на СДС, народот не очекува ништо. Потребни се реформи итни во СДС, за силна опозиција со кредибилитет и одговорност. Тоа мора да почне со оставка на Филипче“, истакна Манасиевски.
Македонија
Магијата на учењето: кога оценката станува поттик, а не цел
„Магичниот пресврт – ‘Што научи?’ или ‘Што доби?’“ беше темата на денешната панел-дискусија што се одржа во Куманово, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука. Панелистите зборуваа за важноста оценките да не се доживуваат како крајна и единствена цел, туку како алатка што го следи и охрабрува напредокот на учениците.
Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска истакна дека новото време бара нови начини на учење и оценување, кои го поттикнуваат вистинското знаење, креативноста и личниот развој на секое дете.
„Образованието мора да се движи напред со духот на времето. Наместо да се фокусираме само на бројките во дневникот, треба да се фокусираме на тоа што ученикот навистина научил, што разбрал и како го применува тоа знаење. Нашата цел е надградба и зајакнување на системот кој го вреднува трудот, напредокот и љубопитноста, затоа што тие се темелот на квалитетното образование и на иднината на нашето општество“, изјави Ивановска.
Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието, нагласи дека наставниците се клучниот двигател на секоја позитивна промена во училиштата и додаде дека ваквите дискусии ја поттикнуваат размената на мислења и искуства кои можат да помогнат наставниците подобро да го препознаат потенцијалот на секое дете.
На панел-дискусијата учествуваше и директорот на СОУ „Сами Фрашери“ – Куманово, Нагри Реџепи, кој нагласи дека во училиштата не треба фокусот да биде само на високите оценки, туку на индивидуалниот напредок на секој ученик. Според одделенската наставничка Хилда Димитриевска од ООУ „Крсте Мисирков“, поддршката и охрабрувањето се подеднакво важни како и самата оценка, а наставничката Даниела Стојановска од ООУ „Христијан Карпош“ се осврна на потребата училиштето да создава средина во која учениците слободно размислуваат, поставуваат прашања и развиваат критичко мислење, бидејќи токму тоа води кон вистинско и трајно знаење.
Иван Нацевски, родител на ученик, истакна дека родителите имаат значајна улога во тоа како децата го доживуваат процесот на оценување и нагласи дека кога се гради доверба и поддршка, оценката станува поттик за подобри резултати, а не причина за притисок.
Настанот е дел од серијата панел-дискусии што се организираат во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, чија цел е да ја истакне улогата на наставниците во современото образование и нивниот придонес во развојот на учениците и заедницата.

