Македонија
„Два скандала на Гинекологија за краток период, разрешница нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт во здравството само уништуваа, и тоа буквално сè. СДС и ДУИ само растураат и го гледаат само сопствениот интерес. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту во опрема, ниту во инфраструктура“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Цената за оваа негрижа ја плаќаат граѓаните. Особено скапо чини негрижата за постојниот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар.
Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица, без докажан минат труд.
Поради ова, вчера бевме сведоци на два ужасни случаја.
Еден се случил пред 10-ина дена на скопската Клиника за гинекологија и акушерство. На новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката, но по реакцијата, санирана е повредата. Акушерката била дадена на дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствената заштита и промена на работното место.
Другиот случај за кој беше информирана јавноста се случил пред четири месеци на истата клиника. На Клиниката била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализацијак бебето починува во нејзината утроба. Потоа, по низа операции, по два месеца починуваат и мајката на бебето. Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод.
Власта на СДС и ДУИ се задушува во скандали. Потребен е рестарт на здравствениот систем што шпобргу!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

