Свет
Израелката што беше киднапирана од Хамас сведочи: „Сакам да ја дадам вистинската слика за луѓето во Газа“
Миа Шем, 21-годишната Израелка, која беше киднапирана од членовите на палестинската воено-политичка организација Хамас откога убија 364 посетители на музичкиот фестивал „Супернова“, што се одржа во кибуцот Реим во западен Израел на 7 октомври, за израелската телевизија „Канал 13“ изјави дека сака да даде вистинска слика за луѓето што живеат во Газа, нивните вистински намери и сето она што го доживеала во заробеништво.
„Поминав низ холокауст. Таму се сите териристи“, изјави Шем, тату-артистка од градот Шохам во централниот дел на Израел. Таа рече дека престојувала со семејство со деца во Газа.
„Тоа се семејства под режимот на Хамас, знаете. Сфатив дека сум со семејството. Потоа почнав да поставувам прашања… зошто сум со семејството? Зошто се децата овде? Зошто жената е тука?“, изјави Шем, која, покрај израелското, има и француско државјанство.
По поминати 54 дена во заробеништво, а пред да биде ослободена, Шем била принудена да сними видеопорака за својот престој во Газа, пишува „Дејли мејл“.
„Луѓето се многу добри, беа многу љубезни кон мене… храната беше добра. Сè е добро“, вели Израелката, меѓу другото, во пораката испратена од заробеништво.
Снимката во тоа време бргу се рашири во светот бидејќи нејзиното сведочење се разликуваше од сведочењето на другите затвореници. Имено, тие рекоа дека биле малтретирани. Затоа, многумина мислеа дека Шем не е искрена, односно дека Хамас ја принудил да го каже тоа што го кажува.
Шем беше застрелана во десната рака за време на нападот на Хамас на познатиот фестивал „Супернова Суккот“. Операцијата, при шти ѝ биле санирани повредите, траела три часа. Подоцна тетка ѝ изјави дека ја оперирал ветеринар и дека по операцијата, не отишла на физиотерапија.
Шем на 9 декември објави свои фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“, на кои може да се види дека има тетоважа на левата подлактница: „Повторно ќе танцуваме, 7.10.23“.
View this post on Instagram
„7.10.23. Никогаш нема да заборавам. Болка и страв, тешки слики, пријатели што нема да се вратат и оние што мораме да ги спасиме. Уште не сме победиле, уште ќе танцуваме“, напиша Шем со фотографиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

