Контакт

Македонија

(Видео) Ковачевски: Сите девет државни студентски дома ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и присуствуваше на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Договорот го потпишаа министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, и економскиот оператор, кој ќе ги изведува градежните активности. Реконструкцијата е рамките на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија, кој се реализира со средства од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Премиерот Ковачевски истакна дека проектот предвидува целосна реконструкција на сите 9 државни студентски дома во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и во Охрид.

„Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од држави во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите. Оваа Влада континуирано работи на подигнување на студентскиот стандард затоа што знаеме дека студентите се иднината и движечката сила на нашата држава. Стипендиите за студентите од 2021 година се изедначени на ниво од 6.050 денари месечно, што значи пораст во однос на тоа што претходно се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари. Вкупниот годишен буџет за оваа намена – доделување студентски стипендии – се зголеми 65 %. Ако претходно на годишно ниво се исплаќаа 117 милиони денари, во 2021 се исплатија 179 милиони денари и овој тренд продолжи и во 2022 и 2023 година. Воведовме нови категории студентски стипендии во 2022 година и таа изнесува и до 18.000 денари месечно, за оние што се запишани на додипломски студии од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните науки на јавните и на приватните универзитети и високообразовни установи во земјата. Првпат воведовме субвенциониран оброк за студентите. Во согласност со Законот за субвенционирниот студентски оброк доделуваме финансиски средства на сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на нашата земја, тоа се 30.000 студенти, кои добиваат вкупен месечен износ од приближно 3.000 денари”, истакна Ковачевски во своето обраќање.

Министерот за образование и наука, Шакири, истакна дека сите досегашни процедури за реализација на проектот ги водевме во согласност со правилата на Германската развојна банка.

„Во согласност со утврдената динамика, реконструкцијата на студентските домови ќе се одвива во три фази. Во првата фаза почнуваме со студентските домови ‘Стив Наумов’ и ‘Кузман Јосифовски-Питу’ во Скопје, а нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економски оператор, кој достави најповолна понуда. Притоа предвидена е промена на водоводната инсталација во домовите и отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување енергетски ефикасни ЛЕД-светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија. Она што особено сакам да го нагласам е опремувањето соби за студенти со посебни потреби. Би сакал да изразам искрена благодарност до сите што придонесоа овој значаен проект да дојде до фаза на реализација“, рече Шаќири.

Заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, истакна дека Германија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за декарбонизација.

„Енергетската ефикасност е клучен елемент на климатската агенда. Затоа KfW и WBIF обезбедуваат средства за рехабилитација на студентските домови во државна сопственост. Овој процес на рехабилитација исто така ќе обезбеди вредни увиди како да се направат постојните јавни згради енергетски поефикасни“, рече Граф.

Вршителот на работи амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин, истакна дека следејќи ги зелената агенда и економскиот план за инвестиции, Комисијата ги претвора климатските промени и предизвиците поврзани со животната средина во можности за сите области на политиките и ја прави транзицијата правична и инклузивна за сите.

„ЕУ продолжува со својата посветеност да го поддржува македонскиот енергетски сектор фокусирајќи се притоа на енергетската ефикасност како инструмент со кој ќе се забрза декарбонизацијата. Со средства обезбедени од инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, германската влада и KfW, како ‘Тим Европа’, ние работиме на тоа да им обезбедиме на студентите подобри услови за живеење и да го подобриме нивниот квалитет на живот“, изјави Худолин.

Македонија

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.

фото/МВР

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата

Објавено пред

Од

Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.

Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.

,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.

Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.

,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност

Објавено пред

Од

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.

dobivaj vesti na viber

„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.

Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.

„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.

Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.

„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ14 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија15 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија17 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура17 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија19 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија19 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија21 час

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија21 час

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет23 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет23 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет23 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа23 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет2 дена

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...