Свет
Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/блинкен.jpg)
Американскиот Стејт департмент одобри уште една продажба на оружје на Израел, во вредност од неколку милиони долари, заобиколувајќи го Конгресот, пренесува ДПА.
Одбранбената агенција за безбедност и соработка во петокот соопшти дека државниот секретар Антони Блинкен утврдил дека „итноста на ситуацијата бара итна продажба на оружје на владата на Израел“, во вредност од околу 147,5 милиони долари, без потреба од вообичаен преглед на Конгресот.
Оваа одлука е „во национален интерес на САД“, додава агенцијата.
Блинкен на сличен начин го заобиколи Конгресот на 9 декември, кога побара „итна“ согласност за продажба на својот израелски сојузник 13.981 гранати од 120 милиметри за да ги опреми борбените тенкови Меркава вклучени во офанзивата на Газа против исламистичкиот Хамас. Вредноста на таа продажба била 106,5 милиони долари.
Конфликтот во Газа беше предизвикан од најтешкиот масакр во историјата на Израел. Тоа беше извршено од терористи од Хамас и други исламистички групи на 7 октомври на населби и музички фестивал во јужен Израел, при што брутално беа убиени околу 1.200 луѓе, вклучително и најмалку 850 цивили. Како заложници зеле и околу 240 Израелци и странски државјани.
Израел одговори со бомбардирање на енклавата и отпочнување на копнена офанзива. Здравствените власти во Газа под контрола на Хамас тврдат дека во војната досега загинале 21.300 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Русија: Ги уништивме „Хирмас“ со кои Украинците убиваа луѓе на плажа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/р.jpg)
Руските сили ги уништиле ракетните фрлачи „Хирмас“ со кои минатиот месец бил нападнат Севастопол, соопшти руското Министерство за одбрана. Русите споделија и видео за кое тврдат дека го покажува моментот кога е уништен „Хирмас“.
„Операторите на беспилотни летала на руските вооружени сили открија три ракетни фрлачи „Хирмас“ кои се движат и заземаат скриени позиции во шумски појас во регионот Херсон“, соопшти Министерството.
Claimed strike on 3 HIMARS launchers, make up your own mind. I cant tell. pic.twitter.com/A5zfFHvRmg
— Adam 🏴 (@YepAdam_) July 8, 2024
„Со „Искандерс“ извршивме ракетен напад на камуфлирани позиции и уништивме три ракетни фрлачи и до десет странски експерти одговорни за користење на фрлачите“, додаваат Русите.
Москва тврди дека Киев ги користел оза да „изврши криминален напад врз Севастопол на 23 јуни“. Русите потоа ги обвинија Украинците дека ја нападнале цивилната инфраструктура во Севастопол со ракети вооружени со касетна муниција. На социјалните мрежи се рашири снимка на која се гледа моментот на удар на плажата каде што биле капачите.
Според руските податоци, биле соборени четири проектили, додека еден експлодирал над градот. Русите изјавија дека во нападот загинале четворица цивили, а повеќе од 150 биле ранети. Рускиот истражен комитет набрзо отвори кривична истрага за терористички напад.
Свет
Бајден: Не одам никаде, ќе го победам Трамп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bajden-italija.jpg)
Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави во интервју дека ќе остане кандидат на Демократската партија на претседателските избори на 5 ноември, додавајќи дека е убеден дека тоа сè уште го сакаат гласачите.
„Не одам никаде“, изјави Бајден.
Тој ги повика сите што сакаат да излезе да го предизвикаат на конвенцијата на демократите во август.
Интервјуто е уште еден обид на Бајден да се опорави од лошиот настап во дебатата на 27 јуни против републиканецот Доналд Трамп, по што неговите ментални способности беа доведени во прашање. Бајден изрази фрустрација од, како што ги нарече, напорите на „елитите“ да го истуркаат од претседателската трка против Трамп, кого го победи во 2020 година.
Кога ко-водителот на емисијата ги наведе главните медиумски организации и експерти кои го повикаа да се повлече, Бајден рече: „Не ми е гајле што мислат тие големи имиња“. „Поентата е дека не одам никаде. Не одам никаде. Не би се кандидирал ако апсолутно не верував дека сум најдобриот кандидат што може да го победи Доналд Трамп во 2024 година“, истакна тој. .
Сè поголем број демократски членови на Конгресот изразуваат загриженост дека ниската јавна поддршка на Бајден и неизвесноста во однос на неговата возраст може да и наштетат на партијата. Потпретседателката Камала Харис се смета за најверојатниот наследник доколку Бајден се повлече.
Анкетата на Ројтерс/Ипсос минатата недела покажа дека секој трет демократски гласач верува дека Бајден треба да се откаже од трката, а 59 отсто од испитаниците од партијата на претседателот рекле дека е премногу стар за да ја води земјата.
Во писмото до демократите, Бајден рече дека е свесен за нивната загриженост, но дека сега е време да се стави крај на тоа прашање.
„Прашањето како да се оди напред кружи веќе една недела. Време е да заврши. Имаме една работа. Тоа е да го победиме Доналд Трамп“, им напиша Бајден на сопартијците.
Свет
ИДФ издаде нова наредба за жителите на Газа: Евакуирајте се
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/gaza1.jpg)
Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на Палестинците кои живеат во Појасот Газа.
Наредбата се однесува на жителите на населбите Сабра, Тел ал Хава, Римал и Дарај, пренесе „Ал Џезира“.
На жителите им беше наредено да се упатат кон хуманитарната зона лоцирана во Ал Малави, област на јужниот крај на Појасот Газа, која претходно беше нападната од израелската армија.
Последната наредба за евакуација доаѓа откако израелските вооружени сили ги засилуваат нападите врз Газа.
Утринава израелската армија почна нови напади во јужните и западните делови на градот Газа, додека продолжи да врши притисок врз источниот кварт Шуџаеи.