Свет
(Видео) Хаос на новогодишната ноќ во Германија, полицајци нападнати со петарди и огномети, стотици се уапсени

На новогодишната ноќ низ Германија едно лице загина, а десетици се повредени, меѓу кои и полицајци. Според германските медиуми, уапсени се стотици лица.
.
Во Кобленц, млад човек (18) загинал кога експлодирала петарда. Лекарите се обиделе со реанимација, но немало помош, соопшти полицијата.
Најмалку 15 полицајци се повредени во напади со огномет низ Берлин, а околу 300 лица се уапсени, пишува германски Билд.
Во германската престолнина имаше немири во берлинскиот кварт Нојкелн, каде мнозинството од населението е по потекло од Блискиот Исток. Кулминацијата на насилството и судирите со полицијата се случи на Александерплац.
New Years Eve. Not a woman in sight in Alexanderplatz, Berlin. We all know why. pic.twitter.com/CAQgIG41kU
— Bo N. Herr 🇸🇪 🇺🇦 🇮🇱 🇮🇪 (@TorulfViking) January 1, 2024
Настана хаос кога стотици, главно млади луѓе, се нападнаа меѓусебно со петарди и новогодишни ракети, насочувајќи ги директно еден кон друг, а потоа кон полицијата.
Една од ракетите прелетала низ прозорецот на домот за стари лица во Нојкелн, при што биле повредени петмина станари на домот. Спасувачите ги изнесоа луѓето завиткани во термо ќебиња од зградата.
An der #Konstablerwache in #Frankfurt am Main rückt eine Hundertschaft gegen Randalierer an. Von allen Seiten werden Polizeikräfte herangeführt. #Silvester2023 pic.twitter.com/3WVyRjoNCY
— BILD (@BILD) January 1, 2024
Во Франкфурт на Мајна ситуацијата беше на работ на ескалација: стотици млади луѓе се собраа и постојано фрлаа петарди кон другите граѓани, но и кон полицијата. Набрзо пристигнале специјалци кои го растуриле хаотичниот собир. Уапсени се 20 напаѓачи.
До 3.000 бунтовници, исто така, се собраа во областа Лајпциг, Конневиц. Ја запалиле улицата и со камења ја нападнале полициската станица. Полицијата со водени топови ја растера толпата. Неколку лица се повредени од петарди на Аугустусплац.
Connewitzer Kreuz , Silvester 2024 … 2 Wasserwerfer und ein Räumpanzer, neben dutzenden Polizeiwagen und Polizisten im Einsatz. #Silvester #connewitz #Kreuz #Polizei #Wasserwerfer #Randale #barrieren pic.twitter.com/F7H4plXmGO
— StreamingCompany LE (@SAdkmedien) January 1, 2024
Според полицијата, меѓу жртвите има и три деца (6, 9, 12). Дете (12) е пренесено во болница со повреда на окото, а еден возрасен е во бессознание.
Во Солинген, полицијата опколи цела станбена област откако демонстрантите ги нападнаа органите на редот со пиротехнички средства и камења. Околу стотина луѓе дојдоа, а пожарникарите ги гасеа запалените барикади откако полицијата обезбеди некои делови од улицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин