Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена никогаш не било полошо
365 дена никогаш не било полошо, 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 1 милијарда денари одат во џебовите на Ковачевски и министрите на СДС и ДУИ за повисоки плати, важно е да ги поразиме, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
„365 дена порази, понижувања, беда и сиромаштија донесе Владата на СДС и ДУИ за граѓаните на Македонија.
365 дена мизерија за народот.
365 дена скандали, криминал и корупација.
365 дена богатење и привилегии за функционерите на Владата на СДС и ДУИ.
И додека 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, власта на СДС и ДУИ си ги зголеми платите за дури 78 проценти.
80 милиони денари месечно или речиси 1 милијарда денари годишно од државниот буџет ќе одат во џебовите на владините функционери за повисоки плати.
Стево Пендаровски од 92.000 денари плата, сега со покачувањето од 78 проценти месечно зема 165.000 денари или над 2.500 евра.
Талат Џафери и Димитар Ковачевски со покачување на платите земаат 50 евра повеќе за секој работен ден, односно Џафери зема плата над 166.000 денари, а Ковачевски над 156.000 денари.
Повисоки плати од 78 проценти зема и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, над 153.000 денари, односно ако се додадат и они дополнителни 20 проценти за извршување на функцијата, неговата плата е речиси иста како и на Ковачевски.
И додека граѓаните мака мачат да се прехранат од први до први, од 2.000 до 2.500 евра изнесуваат и платите на другите владини функционери на СДС и ДУИ.
Вицепремиерите Славица Грковска, Фатмир Битиќи, Артан Груби, Бојан Маричиќ и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во џебовите ќе си ставаат од 40 до 50 евра повеќе за секој работен ден.
Платите на Ковачевски, Пендаровски, Џафери, Спасовски, Груби, Османи, Маричиќ, Грковска, Петровска и на другите министри во Владата на СДС и ДУИ, во согласност со законот за раст на просечната плата ќе пораснат за дополнителни 400 евра оваа 2024 година.
И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, едвај преживуваат со енормно зголемените трошоци за живот, Ковачевски и неговите министри од СДС и ДУИ земаат 78 проценти повисоки плати или над 2.500 евра месечно.
365 дена е сѐ полошо и полошо со СДС и ДУИ.
365 дена СДС и ДУИ носат само порази за граѓаните.
Во Македонија со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

