Свет
Анализа: Како „Јапонија ерлајнс“ успеа да евакуира 379 патници за 90 секунди пред огнот да го зафати целиот авион
Гледајќи ја снимката од судирот на авионот на „Јапонија ерлајнс“ за време на слетувањето на аеродромот „Ханеда“ во Токио, чудо е што никој од 379 патници од леталото не е повреден.
Имено, пет од шесте члена на екипажот на авионот на јапонската крајбрежна стража „Деш 8“ загинаа, но сите 379 патници и членови на екипажот во „ербасот А350“ ја преживеаја несреќата и беа евакуирани во рок од 90 секунди.
Додека истрагата за тоа што се случи е во тек, експертите посочуваат дека успешната евакуација е резултат на комбинација на современи безбедносни стандарди и ригорозна безбедносна култура на „Јапонија ерлејнс“ .
„Бев изненаден од она што го видов на видеото и ми олесна што сите излегоа“, изјави за Си-ен-ен, Греам Брејтвејт, професор по безбедност на британскиот универзитет „Кранфилд“.
Кобната авионска несреќа, што се случи пред речиси 40 години, придонела „Јапонија ерлајнс“ (JAL) сега да стане безбедна авиокомпанија, кога нивниот лет од Токио до Осака се урна на 12 август 1985 година, при што загинаа 520 од 524 патници.
Несреќата се случи по лошата поправка на опашката од страна на техничарите на „Боинг“ (не авиокомпанијата) и до ден-денес останува најсмртоносната авионска несреќа во историјата.
„Јасно е дека тоа имаше силно влијание врз авиокомпанијата. Во култура како Јапонија, тие ја презедоа таа одговорност и сакаа да се погрижат ништо вакво никогаш да не се повтори“, изјави Брејтвејт.
Сфаќајќи дека многу од работниците што ѝ се приклучија на компанијата не се сеќаваат на несреќата, „Јапонија ерлајнс“ отвори простор во своето корпоративно седиште во 2005 година за прикажување делови од остатоците, како и приказни за екипажот и патниците.
Речиси четири децении подоцна, катастрофалната несреќа сè уште има длабоко влијание врз менталитетот на компанијата.
„Имаат многу строга култура на стандардни оперативни процедури и прават сè како што треба. Тоа е една од причините зашто екипажот се справи толку добро вчера“, изјави Брејтвејт.
Иако не е јасно кој е виновен за несреќата, Брејтвејт вели дека успешната евакуација е апсолутна позитивност за „Јапонија ерлајнс“.
„Ако сакаш причина зошто треба да леташ со нив, мислам дека штотуку си ја видел“, рече тој.
„Јапонија ерлејнс“ е редовно на годишната листа на најбезбедни авиокомпании на светот на Airlineratings.com.
„Нашиот портал ја оцени авиокомпанијата со седум ѕвезди и ги помина сите поголеми безбедносни контроли. Исто така, јапонскиот регулатор за безбедност на воздухопловството има подобри резултати од светскиот просек во осум критериуми за следење“, изјави главниот уредник Џефри Томас за Си-ен-ен.
Како што многу добро знаат вработените во „Јапонија ерлајнс“, безбедносните прописи на модерната авијација се „напишани во крвта на другите што немале толку среќа“, вели неименуван пилот на голема европска авиокомпанија. Несреќите стануваат лекции, кои „се споделуваат во индустријата за да може секој екипаж да стане подобар во својата работа“, додаде тој.
Меѓу несреќите што имале големо влијание врз безбедноста во иднина е онаа од 1980 година кога сите 300 патници на летот „163“ на Саудиска Арабија починаа од вдишување чад откако принудно слетаа во Ријад, а пилотите не наредија евакуација.
Ова беше поттик да му се даде овластување на кабинскиот екипаж да извлекува патници. Од таа и други несреќи произлегоа многу препораки, кои влијаеа на многу карактеристики на модерните авиони, истакна Брејтвејт.
Дополнително, како причина за брзата евакуација се наведува и тоа што патниците на летот „ЈАЛ 516“ се евакуирани итно од леталото, без да ги понесат рачните торби со себе.
„Заминаа со својот телефон, а сѐ друго мораше да остават зад себе“, изјави Мика Јамаке, чиј сопруг бил на тој лет, за Си-ен-ен.
Ерлих истакна дека секое одложување на евакуацијата поради лаптоп или рачна торба можело да биде катастрофално.
„Овој инцидент можеше да биде многу пострашен доколку патниците не ги послушаа предупредувањата да ги остават своите работи“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, тоа не е блеф
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери во добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, вели дека Западот треба сериозно да ги сфати заканите на рускиот лидер, пренесуваат медиумите во регионот.
„Сакам само да кажам дека кога Русите ги менуваат правилата за користење на нивниот нуклеарен арсенал, она што се нарекува нуклеарна доктрина, тоа не е комуникациски блеф“, рече тој, мислејќи на промените што Путин ги потпиша минатата недела.
„Тоа не е блеф. Доктрината е изменета и ќе има последици“, рече тој.
Според написите, Унгарија е меѓу неколкуте европски нации кои силно го поддржуваат режимот на Владимир Путин во Русија. Владата на Орбан постојано се противеше на санкциите против Русија, фрустрирајќи ја Европската унија и НАТО. Унгарија исто така се противи на помагање на Украина и на идејата Украина да се приклучи на ЕУ и НАТО, анализираат медиумите.
Свет
Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје и дека нема средства во светот кои би можеле да го пресретнат.
Тој најави масовно производство на ова оружје, нагласувајќи дека овој нов систем стана уште еден гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија.
„Во денешниот свет нема одговор за таков проектил, ниту средства за нејзино пресретнување. И уште еднаш ќе нагласам дека ќе продолжиме да го тестираме овој најнов систем“, рече Путин.
Тој на состанокот во Кремљ изјави дека ракетниот систем „Орешник“ ќе биде пуштен во употреба со стратешките ракетни сили на Русија и дека е донесена одлука за масовно производство на овој систем.
„Со оглед на посебната сила на ова оружје, неговата моќ, тоа ќе биде ставено во служба на стратешките ракетни сили“, рече Путин.
Тој истакна и дека е донесена одлука за масовно производство на системот „Орешник“, пренесува РИА Новости.
Рускиот лидер истакна дека ракетниот систем „Орешник“ кога масовно се користи „против непријателски цели“ има значење на стратешко оружје и е создаден во согласност со најновите технички достигнувања.
„Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје. Безбедноста на Русија е обезбедена“, нагласи тој.
Врховниот командант на руските стратешки ракетни сили Сергеј Каракаев исто така предупреди дека „Орешник“ има способност да погодува цели во Европа.
„Врз основа на поставените задачи и дострелот на ова оружје, тоа може да погоди цели низ Европа, што го разликува од другите видови прецизно оружје со долг дострел“, рече Каракајев.
Путин на состанокот во Кремљ им честитал на раководството на Министерството за одбрана и на конструкторите за успешното тестирање на ракетите „Орешник“.
Регион
(Видео) Излизгани возила, застој на автопатиштата, сообраќаен колапс поради снежна бура во Србија
Попладнево во Србија падна снег кој зад себе остави колапс во сообраќајот и предизвика дефекти во електричната мрежа.
Дождот и силните налети на ветерот се претворија во снег во Белград, каде снегот паѓаше со поголем интензитет, што дополнително ја усложни состојбата во сообраќајот и предизвика тотален колапс, пренесуваат тамошните медиуми.
Поради снежни наноси застој има на автопатот од Ниш кон Белград, на делот од патот од Алексинац кон Ражње.
Сообраќајот се одвива отежнато и на автопатот Ниш-Димитровград кај тунелот Банчарево, поради снежни наноси и сообраќајна несреќа во која учествувале патник и товарно возило, стои во написите.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ ја информира јавноста дека при денешните обилни врнежи од снег на речиси целата територија на Србија, во повеќе случаи товарни возила се излизгале и на тој начин биле блокирани повеќе патни правци, поради што сообраќајот бил во прекин и на автопатот и и на патиштата со низок степен, поради некористење зимски гуми и опрема од страна на неодговорни возачи на тешки моторни возила – шлепери.
ЈП „Патишта на Србија“ апелира особено до возачите на тешки моторни возила и сите други учесници во сообраќајот да не излегуваат на пат без задолжителна зимска опрема, да користат синџири, особено во ридско-планинските предели, да ги почитуваат ограничувањата на брзината, сообраќајните сигнали и да ја приспособат својата брзина на условите на патот.
На целата територија на Република Србија, механизацијата е достапна на терен 24 часа, а екипите на патиштата се во готовност и подготвени да интервенираат за да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, пишуваат српските медиуми.