Контакт

Македонија

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини – Рустеми е горд!

Објавено пред

Изминатата година, државата наплатила 62 милиони евра од патарини, што претставува најголема сума досега, за што директорот на ЈПДП – Ејуп Рустеми изјави дека е горд, велат преку соопштение од политичката партија Левица.

dobivaj vesti na viber

„Иронично, за Рустеми државата направила модерна, електронска и современа наплата за патарини, која според него, нуди професионална и квалитетна услуга.

Додека, во реалноста, Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот, со просечна цена од приближно 2.6 денари по изминат километар со патничко возило од Б категорија, а со патишта во прилично лоша состојба. За споредба, во соседна Србија со последните поскапувања, овој износ е приближно 25 отсто понизок, односно околу 2.1 денари, вклучително со последните поскапувања. Дополнително, граѓаните плаќаат полн износ патарина и за користење на автопатишта кои се под реконструкција и на кои условите за возење се на ниво на локални патишта.

Граѓаните плаќаат патарина и за делницата Тетово – Гостивар, која воопшто не е автопат, ниту според број и широчина на коловозни ленти, ниту по безбедносни стандарди. Понатаму, сегашниот систем за наплата на патарини е најнеефикасниот во регионот. Додека во соседството одамна е пристапено кон далеку попрактични системи за наплата (затворени системи или системи на вињетки), во Македонија наплатни пунктови се поставени на секои 20-30 километри, со што возачите застануваат по четири до пет пати на поминати 100 километри. Во периодите на зголемена фреквентност, повеќе време губат во чекање пред наплатен пункт отколку во движење.

Електронскиот систем за наплата, со кој се фали Рустеми, е полуфункционален. Недостасува електронска опрема за наплата на патот Скопје-Тетово и Тетово-Гостивар, а новите тагови неколку месеци ги нема за продажба. На патарините од Скопје до Гостивар никаков електронски систем за наплата не постои, освен наплатата со банкарски картички преку ПОС терминали (ако и тоа се’ уште го сметаат за напреден систем).

Дополнително, државата два пати им наплаќа на граѓаните за користење делови од автопатот, еднаш на наплатна станица и еднаш при регистрација на возилото. Уште во април 2022 година, Левица побара измена на Законот за јавни патишта со која се предвидуваше намалување на цените на патарините за 50 отсто, но владејачката спрега СДС-ДУИ го одби. Очигледно, криминогената елита на власт не увиди дек патарините треба да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните и нивната економска моќ.

Додека, граѓаните од внатрешноста годишно трошат дури три просечни месечни плати за да го покријат трошокот од патарините, кој мора да го подмират поради работните можности кои се концентрирани во главниот град. Пратениците во македонското Собрание имаат реална моќ да ја подобрат состојбата, но истите се негативно засегнати од намалувањето на надоместокот за патарините бидејќи надоместокот за нивните „патни трошоци“ ќе се намали.

Левица нема да престане да се залага за ново законско решение, со кое ќе се одземе правото на Владата да одлучува за начинот на наплатата и определувањето на висината на патарините и истото да се префрли на Собранието, со што тоа би станало законска материја, наместо подзаконска материја, како сега“, се вели во соопштението на Левица.

Македонија

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.

dobivaj vesti na viber

„Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше за коалицијата Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.

„Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.

Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.

„Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган „Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ги истакна сите реализирани проекти за неговиот четиригодишен мандат во општина Јегуновце.

dobivaj vesti na viber

Костадиноски истакна дека во општина Јегуновце е регулирано речното корито на реката Вардар, отворени се две нови градинки, асфалтирани улици, и нови тротоари.

„Во изминатиот период го регулиравме речното корито на река Вардар, обезбедивме вода за пиење, изградивме фекални канализации во неколку населени места, отворивме две детски градинки, асфалтиравме локални улици, изградивме тротоари, им дадовме нов живот на училиштата, на парковите, но најмногу од се ја вративме надежта“, истакна Костадиноски.

Во новата програма Костадиноски потенцираше дел од важните проекти и тоа изградба на нови фекални канализации, нови улици, тротоари и земјоделски патишта за земјоделците, како и изградба на современи паркови.

„Во новата програма планираме да изградиме нови фекални канализации во останатите населени места, нови локални улици, тротоари и земјоделски патишта за нашите највредни земјоделци. Изградба на современи паркови опремени во сите стандарди, ќе продолжиме со инвестиции во образованието, културата и спортот, набавка на нови возила за собирање на комунален смет, противпожарно возило кое е потребно за сите жители на општина Јегуновце“, рече Костадиноски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце.

dobivaj vesti na viber

„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градинка“, рече Стојаноска.

Според Стојаноска Јегуновце може да стане привлечно место за сите посетители, за вкусна храна, центар за спортски настани.

„Диме добро знае што значи поддршка од централната власт. Тоа го виде во овие 15 месеци откако Влада е на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршката за него и ќе продолжи во следниот период“, кажа Стојаноска.

Стојаноска упати пораки и до актуелниот и идниот градоначалник Костадиновски и до личностите кои се на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот во општина Јегуновце.

„Продолжи со исто темпо и продолжи ја својата приказна. Општината е доказ дека може да се успее, иста е и пораката и до советниците. Ние во ВМРО-ДПМНЕ успеавме поради истрајноста, упорноста, вербата и јасна визија за иднината. Советници следете ја јасната визија на градоначалникот сегашен и иден и јасната визија на претседателот Христијан Мицкоски“, заклучи Стојаноска.

Стојаноска повика и укажа дека вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија33 минути

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...

Македонија35 минути

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која...

Македонија2 часа

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија2 часа

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија2 часа

Максим Димитриевски: Мириса на победа уште во првиот круг

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на голема промотивна конвенција во Куманово ги претстави кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет6 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија6 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија7 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија7 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...

Свет7 часа

(Видео) Бурата Ејми предизвика бројни проблеми: илјадници без струја, откажани летови, затворени железнички линии

Сите осум кралски паркови во Лондон, вклучувајќи ги Хајд Парк и Ричмонд Парк, денеска се затворени поради силни ветрови предизвикани...

Регион8 часа

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место....

Свет11 часа

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ослободи заложници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати...

Македонија1 ден

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ1 ден

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија1 ден

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ1 ден

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија1 ден

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 ден

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...