Свет
Островот на оргиите на педофилот Епштајн го посетувале светски лидери и филмски ѕвезди, светот во шок по објавените документи
Неодамна објавените судски документи наречени „Досиеја Епштајн“ откриваат голем број познати личности кои се дружеле со осудениот педофил Џефри Епштајн.
Меѓу другото, се споменуваат Бил Клинтон, Доналд Трамп, Стивен Хокинг… Клучното место каде што Епштајн ги собрал своите моќни пријатели е приватен остров, кој во медиумите го нарекуваат „остров на оргии“. Епштајн се самоуби во затвор во 2019 година.
На островот пристигнувале гости од целиот свет и од највисоките нивоа на општеството: познати личности и научници и членови на кралски семејства кои слетувале со приватни авиони.
Островот за кој станува збор се вика Сент Џејмс, приватен рај на американските Девствени острови, кои милијардерот и осудениот педофил Џефри Епштајн го нарекол свој дом.
Кривичната пријава на државниот обвинител го опиша како „совршено скривалиште и засолниште за трговија со млади жени и малолетни девојчиња за сексуално ропство, злоупотреба на деца и сексуален напад“.
На островот секогаш имало жени, како што велат мештаните, сомнително млади, во друштво на Епштајн или некој од неговите многубројни гости.
На островот имало околу 70 вработени, од чувари до градинари и чистачи. Тие носеле црни или бели поло маици и се заколнале на строга тајност, со инструкции да се држат настрана од Епштајн кога ја вршат својата работа. Исто така, им бил забранет влез во која било од двете канцеларии на Епштајн на главниот имот, од кои во едната имало челичен сеф.
Тоа било во просториите на островот каде што се случувало сексуалното злоставување, обично на малолетници.
Познати имиња на кои наводно домаќин бил Епштајн се Стивен Хокинг, нобеловецот Лоренс Краус, комичарот Крис Такер, актерот Кевин Спејси, манекенката Наоми Кембел, поранешен помошник на Тони Блер, лордот Питер Менделсон и принцот Ендру.
Некои тврдат, а тоа е наведено и во судските документи, дека гостин бил и Бил Клинтон, иако тој негира дека некогаш бил таму. Доналд Трамп наводно летал со еден од приватните авиони на Епштајн, но не е јасно дали го посетил островот.
Се споменуваат и Мајкл Џексон, Мадона, актерите Леонардо ди Каприо, Кејт Бланшет, Наоми Кембел, Камерон Дијаз и Брус Вилис.
Џефри Епштајн беше милијардер познат по дружењето со познати личности, политичари, милијардери и академски ѕвезди. Тој првично беше уапсен во Палм Бич, Флорида во 2005 година, откако беше обвинет дека платил 14-годишно девојче за секс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка го запира издавањето визи за 75 земји
Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент.
Според извештајот, меѓу погодените земји се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.
Фокс њуз јавува дека со дописот до американските амбасади им се наложува да ги одбиваат визите во согласност со постојниот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.
Запирањето на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот американски претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на должност во јануари минатата година.
Во ноември, Трамп се заколна дека трајно ги запре миграциите од сите земји од третиот свет, откако авганистански државјанин пукал од огнено оружје во близина на Белата куќа и убил припадник на Националната гарда.
Многу авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД во 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за оние кои работеле со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран жестоко и се закани на Америка: „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде.
Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири.
„Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
„Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, рече Насирзаде на состанок за безбедност, според Press TV.
Тој, исто така, ги предупреди земјите што даваат помош во секој напад врз Иран дека тие „ќе бидат легитимни цели“.
„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, рече Насирзаде.
Закана за напад врз бази
Претходно денеска, иранскиот режим изјави дека, во случај на интервенција на САД, ќе ги нападне нивните бази.
Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на регионалните држави, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во овие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од овие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
Свет
(Видео) Иран заплени десетици „Старлинк“ антени
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби.
Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“.
Iran seizes LARGE cache of of Starlink equipment
It was seized on Jan 13 at the border coming in from 'neighboring country' in the region
It included receivers, signal boosters, modems, and next-gen mobile phones
(@IntelRepublic Telegram) pic.twitter.com/d4SlfT0AWZ
— Roberto Botella (@botella_roberto) January 14, 2026
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот е веќе шести ден. Како одговор на тоа, Иранците се свртуваат кон „Старлинк“, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.

