Македонија
Обвинителството да поведе обвинение за насилство по упадот во М-НАВ, бара ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да поведе обвинение за кривично дело насилство по упадот и физичкиот напад врз вработени во контролата на летање.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека откако функционерите на ДУИ и СДСМ наишле на отпор од вработените во М-НАВ поради вработување партиски и некфалификувани кадри, со наместени огласи за вработување, прешле на притисоци и насилство, само за насила да ги внесат своите партиски луѓе, кои наумиле да ги вгнездат во оваа институција, каде што има најголеми плати во државата.
„Првин се обидоа со класичен притисок, првиот човек на Синдикатот да го викнат на разговор во МВР под образложение за наводни закани кон директорот на М-НАВ. Притоа, кога виде власта дека овој притисок само уште толку ги обедини вработените во оваа институција, каде што со оставки се заканија 30-ина вработени, почнаа со нова темна операција, со вклучување партиски војници и директни физички напади. За каква власт говориме кога може партиска војска слободно да влезе во една од најзаштитената институција во Македонија и да изврши физички напади врз контролори на летање, само поради тоа што застанале во одбрана на своите права и во одбрана на институцијата во која професионално работат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, како што се додава, надлежното министерство, а тоа е Министерството за транспорт и врски, на чело со Бочварски, се оградува дека немале ингиренции да се вмешаат.
„Не нѐ изненадува ова бидејќи Димитар Ковачевски нема глас во оваа Влада предводена од ДУИ, тој не смее збор да ѝ каже на ДУИ бидејќи целосно е зависен од неа. Овие закани и напади врз вработените и предизвикан страв не е нарушување на јавниот ред и мир, туку типично кривично дело насилство и треба веднаш да реагира Јавното обвинителство.
По овој скандал, до сега требаше да има барем неколку оставки, од директорот на М-НАВ до министерот Бочварски, па сѐ до безгласниот премиер. Но, очигледно е дека тоа нема да се случи.
Граѓаните на следните избори ќе си го кажат своето мислење за сите од нив, во тоа немаме дилеми.
Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

