Економија
Интервју со Александар Манев од „Кроација осигурување“: Заврши ерата на евтино задолжително осигурување
Пред неколку години Александар Манев го прифати предизвикот да биде на чело на „Кроација осигурување“, Друштво за неживотно осигурување во земјата. Благодарение на неговото долгогодишно деловно искуство и знаење, но и на одличната репутација и релации во деловните кругови, „Кроација осигурување“ за краток период ја подобри својата пазарна позиција и имиџ.
Компанијата го зголеми бројот на клиенти, воведе иновации во работењето, ја исплати најголемата осигурителна штета досега исплатена од оваа компанија во нашата земја, изгради репутација на стабилна и компактна компанија, во која секој поединец може да се развива и да гради успешна кариера.
„Кроација осигурување“ се наметна како сигурен и професионален осигурителен партнер на компаниите во Македонија овозможувајќи им непречен раст и развој во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања, кои значајно го погодуваат нивниот бизнис. За граѓаните понуди сигурност, која значително го подобрува квалитетот на нивниот живот.
„Kроација осигурување“ како лидер на пазарот отвори многу прашања во нашето општество поврзани со осигурувањето, за прениската цена на автоосигурувањето, за скапите здравствени услуги во земјата, за другите предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија. На тема како да се надминат овие предизвици во иднина и зошто е важно осигурувањето разговараме со г. Александар Манев, генерален директор на „Кроација осигурување“, Друштво за неживотно осигурување во земјата.
Кој е клучот за растот и развојот на „Кроација осигурување“ во земјата?
Манев: Довербата е клучот! Додека персоналниот однос и почитта кон клиентите е она што дополнително прави разлика. Компанијата ја зголеми својата транспарентност и маркетинг активностите, ја покажа својата хумана страна поддржувајќи различни општествено одговорни проекти, ги задржа квалитетните вработени, но и привлече нови и амбициозни млади луѓе.
Се разбира поддршката од Групацијата е клучна алка во целиот овој процес на раст и развој овие години. Ги следиме и трендовите во осигурителниот бизнис, се трудиме да бидеме партнери и консултанти на своите клиенти, активно вклучени во нивниот развој и бизнис, да бидеме многу повеќе од само осигурителна компанија. Тоа направи разлика во овие години!

Кои се предизвиците на индустријата?
Maнев: Осигурителната индустрија се соочува со низа предизвици кои веќе значително влијаат на целокупниот иден развој на оваа гранка. Цените на осигурување со години се непроменети и можам да кажам дека нашите граѓани имаат достапност за осигурување по најниски цени во регионот.
Посебно е ниска цената на авто осигурувањето која не е променета 15 години, а од друга страна растат цените на резервните делови и цените на услугите на сервисите. Тоа ја доведува во прашање издржливоста и оправданоста за осигурителните компании да го нудат овој продукт.
Исто така сакам да истакнам дека енормниот пораст на цените на здраствените услуги во услови на замрзнати цени на осигурителни продукти нѐ доведува во уште потешка позиција.
Актуелната економска состојба, инфлацијата дополнително влијаат на индустријата.
Како индустрија тешко може да планираме иден раст и развој, а истовремено да бидеме атрактивни за привлекување на талентирани млади луѓе.
Расте бројот на осигуреници, која е основната причина?
Maнев: Професионалноста, транспарентноста, брзината на решавање на штетите и директниот однос со клиентите е основа за зголемената доверба која ја добиваме изминативе години.
Отворени и транспарентни сме во комуникацијата со корисниците, со цел да им помогнеме во процесот на одлука, и да им ги дадеме најдобрите совети. Кроација осигурување има продукти кои се флексибилни, приспособливи и кои одговараат на потребите и на можностите на осигурениците. Ги следиме и трендовите. Кроација осигурување одлучи да воведе нови поволности за граѓаните кои се однесуваат одговорно кон животната средина. Овие поволности доаѓаат во форма на промотивни акции – Еко Дом и Еко Каско- за корисници кои користат обновливи извори на енергија во своите домови или имаат инвестирано во електрични или хибридни возила.
Да си осигуран значи една грижа помалку! Нашите задоволни осигуреници кои ни ја даваат довербата со години се нашата најдобра алка и препорака за зголемување на бројот на нови клиенти. А тие соработуваат со нас поради брзата услуга, осигурителните покритија и достапноста.
Минатата година 2023 е успешна година за Кроација. Успеавте да ја стабилизирате компанијата. Покажавте дека успешно може да се носите со сите тешкотии и предизвици. Остваривте одлични финансиски резултати, ја исплативте најголема одштета до сега…
Maнев: Го следиме пулсот на бизнис заедницата и на пазарот, како и на индивидуалните осигуреници. Креираме продукти според нивните потреби. За секој поединец или компанија од непроценливо значење е да може да ѝ верува на својата осигурителна компанија, пред сѐ поради искуството и знаењето на луѓето кои таму работат и доверливост која е обезбедена. Денес осигурителните компании треба да се визионери, да поддржуваат иновативни проекти, зелени одржливи проекти, да придонесуваат кон севкупниот општествено социјален развој во една земја. Тоа е основата на функционирање и на Кроација осигурување. Токму таа наша визија и начин на работа прави разлика, а клиентите тоа го препознаваат. Создадовме еден квалитетен и сплотен тим на врвни професионалци, кои ја сакаат својата професија, и тоа се одрази позитивно на нашето работење. Дел сме од еден регионален систем, што исто така придонесува кон локалната репутација и начин на работа.

Неодамна се преселивте во нов делевон објект и ја отворивте новата филијала. Што тоа значи за вас и за потенцијалните корисници?
Maнев: Новиот деловен објект е вистинска слика за брендот Кроација, но тоа што е побитно и за мене најважно е дека вработените, целиот тим на Кроација има услови за работа по светски стандарди. Горд сум на одлуката за нови канцеларии, а тоа веќе се чувствува по ентузијазмот и енергијата која вработените ја имаат во новиот објект.
Новата филијала отворена во Скопје се наоѓа во самиот центар на градот, на ул. Железничка, веднаш до трговскиот центар Diamond Mall. Во неа клиентите ќе можат да се осигураат од повеќе видови на ризици, да го заштитат својот живот, дом, возило и здравје или да земат некој од осигурителните пакети за патување. За нас, таа претставува потврда на добрата работа и сѐ поголемиот интерес за нашите услуги. А пак, за потрошувачите тоа претставува уште едно место каде можат да дознаат повеќе и да ги добијат сите осигурителни услуги.
Кои се најголемите трендови во осигурителниот бизнис?
Maнев: Како што поминуваат годините, станува јасно дека дигитализацијата е трендот кој го следат сите поголеми гранки и индустрии, а ништо поинаку не е ниту во осигурителниот бизнис. Модерниот корисник сака да има дигитален пристап до услугите кои му се потребни и ги преферира давателите на услуги кои му го овозможуваат тоа. Па така, модернизацијата на технолошкиот дел од бизнисот не е само инструмент за побрза и полесна работа, туку и економски логична одлука која може да придонесе со поголеми приходи.
Безбедноста и понатаму е приоритет кај корисниците, па се смислуваат нови начини и алатки преку кои се обезбедува побезбеден тек на услугите. Што се однесува до трендовите кои ги засегаат корисничките навики, се забележува раст кај свесноста на корисниците за еколошките и социјално одговорните елементи кај давателот на услуги, па компаниите соодветно се адаптираат на тоа и прифаќаат некои нови норми, принципи и начини на работење. Покрај логистичкото олеснување на пристап до нашите услуги, ние постојано се обидуваме и да го подобриме, надградиме и осовремениме корисничкото искуство, така што ги следиме трендовите и ги имплементираме во Кроација Осигурување на начин кој сметаме дека ќе овозможи најголема корист за нашите корисници.
Што би порачале за 2024 година?
Maнев: Посакувам 2024 година да биде спокојна година! Задоволни вработени, клиенти и акционери. Помалку штети, а повеќе осигуреници.
Ви посакувам на сите добро здравје и повеќе време за најблиските, а „Кроација осигурување“ е секогаш тука за вас!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.
Економија
Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.
Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.
Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.
Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година 7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари. Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658 товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.
Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.
Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)

