Свет
Ѕвездата на популарната серија на „Нетфликс“, „Фауда“, тешко ранет во Газа
Идан Амеди, израелскиот пејач и ѕвезда на ТВ-серијата „Фауда“ на „Нетфликс“, е ранет во Газа, соопшти неговото семејство.
Според неофицијални извештаи на социјалните мрежи, Амеди наводно бил тешко повреден додека се борел на страната на ИДФ.
Порталот „Тајмс оф Израел“ пишува дека актерот со хеликоптер бил префрлен во медицинскиот центар „Шеба“ во Тел Хашомер, каде што у била извршена итна, сериозна и долготрајна операција. Моментно е под седација и постојан лекарски надзор.
We would like to share with everyone that Idan has been injured in action in Gaza. Idan is one of the kindest, warmest, and most passionate people, loved by all of us. His love of music is a very special part of our set. Together let us pray for his full and speedy recovery. pic.twitter.com/jYVF4zSX3I
— Fauda Official (@FaudaOfficial) January 8, 2024
Татко му потврдил дека Идан е повреден, но рекол дека неговиот живот не е во опасност.
По нападот на Хамас врз Израел, Идан отиде да се бори во Газа како резервист.
Во видеопораката што ја сними минатата недела Амеди повика да се стави крај на внатрешните несогласувања меѓу Израелците.
„По 90 дена борби, продолжуваме да ги уништуваме локациите за ракети со краток дострел, локациите за лансирање и командните објекти на терористичката организација Хамас. Им се придружувам на моите браќа резервисти во повикувањето на политичарите, медиумите и сите други – ако немате нешто добро да кажете, молчете. Израелскиот народ живее“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави на, како што рече, новите ризици откако Русија искористи нова ракета со среден дострел.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара сериозен одговор за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да ги почувствува вистинските последици од неговите постапки.
Путин во четвртокот рече дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која современите системи немаат начин да се спротивстават.
Свет
САД: Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба
Соединетите Американски Држави веруваат дека Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба, за која само се чека политичка одлука, изјави денеска заменик-помошникот државен секретар за контрола на вооружувањето.
Се додава дека САД и нивните сојузници брзо и одлучно ќе одговорат на евентуалниот нуклеарен напад на Северна Кореја врз Јужна Кореја.
Предупреди дека уште една нуклеарна проба од Северна Кореја ќе ги ескалира регионалните тензии и ќе претставува „безбедносен ризик за целиот свет“, објави Јонхап.
Свет
Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто
Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот состанок на групата Г7, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Оваа влада останува цврста на една работа: одговорноста на државата Израел и терористичката организација Хамас не може да се поистоветува“, се вели во изјавата на премиерката Мелони, која рече дека ќе ги испита мотивите на судот.
Италија, која во моментов претседава со групата Г7, во понеделник ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи во Фиуџи, град во близина на Рим.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна сменетиот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Сојузниците на Израел ја критикуваа одлуката. Генерално, од земјите-членки на МКС се бара да спроведат налози за апсење, иако меѓу тие држави постои несогласување за тоа како да се однесуваат со Нетанјаху. Унгарија веќе соопшти дека има намера да го игнорира налогот за апсење.