Регион
Додик: Ова е прашање на живот и смрт, ќе ги повлечеме Србите од војската, полицијата…

Србите во Босна и Херцеговина се „ментално интегрирани“ со Србија и ќе ја поддржат евентуалната независност на Република Српска (РС), рече нејзиниот претседател Милорад Додик во интервју за „Франс прес“.
„Не сакаме да останеме овде“, рече Додик во интервју за француската агенција објавено на Денот на Република Српска, прослава на која централните власти на Босна и Херцеговина и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) сметаат дека е неуставна. Во интервјуто Додик посочува дека над 80 овластувања на РС се префрлени на централната власт во Сараево и тие сакаат да ги вратат.
„Франс прес“ пишува дека Додик во последно време се занимава со проблематиката на државниот имот, како што се недвижен имот и шуми, кои, според него, им припаѓаат на субјектите и се прашање на „живот и смрт“. Медиумите во Босна и Херцеговина, пак, тврдат дека нивен сопственик е државата, пишува француската агенција.
Тоа прашање сè уште не е правно решено, а висок претставник на меѓународната заедница, со овластување да го донесе или укине законот, би можел да биде оној што ќе пресуди.
„Ако тоа се случи, ќе одиме во Народното собрание на РС и ќе донесеме одлука за независност“, предупредува Додик.
„Ќе ги повлечеме Србите од војската, полицијата, заедничките институции. Им препорачувам да не влегуваат во таа приказна“, се закани тој.
Додик тврди дека целта на Западот е да ја направи Република Српска бесмислена и да создаде централизирана Босна и Херцеговина.
„Нашиот карактер не дозволува тоа да се случи. Затоа денеска со гордост го славиме 9 јануари“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин