Македонија
Делегацијата на ЕУ: Да се истражи насилството врз персоналот во М-НАВ, а вработувањата да се засноваат врз искуство и квалификации

Делегацијата на Европската Унија во Македонија објави дека со загриженост ги следи случувањата во врска со националниот давател на услуги за воздушна навигација М-НАВ и дека императив е именувањата во националниот давател на услуги за воздухопловна навигација и поврзаните услуги, исто како што треба да важи и за другите институции, да се засноваат на заслуги, квалификации и искуство.
Од Делегацијата потсетуваат дека државата се обврзала да го имплементира законодавството на ЕУ што се однесува на давателите на услуги за воздушна навигација (АНСПС). Ова, како што се додава, вклучува одредби со цел за да се обезбеди независност на давателите на услуги за воздушна навигација (АНСПС) од државата, дека персоналот – особено контролорите на летање – ги исполнуваат законските барања за такви работни места и дека обезбедувањето на услугата ги почитува целите во однос на безбедноста, економичноста, капацитетот и животната средина.
Од Делегацијата на Европската Унија очекуваат државните власти брзо да ги истражат наводите за пристрасност во вработувањата во овие служби.
Исто така, од Делегацијата на ЕУ очекуваат разрешница на насилството врз персоналот во М-НАВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.
Македонија
Се асфалтира нова улица во населба Драчево

Се врши целосно асфалтирање на нова улица во населбата Драчево, која за првпат овозможува директно поврзување меѓу две значајни сообраќајни артерии – улиците „Румена Хаџипанзова“ и „Киро Фетак“.
Се работи за делница во должина од околу 900 метри, која претставува важно логистичко и сообраќајно олеснување за жителите на Драчево, но и за сите кои секојдневно се движат низ овој дел на општината.
Со ова поврзување се овозможува побрз и побезбеден проток на сообраќајот, подобра комуникација помеѓу урбаните целини, но и значително намалување на сообраќајниот метеж во овој дел на Кисела Вода.
– Со ова ново поврзување меѓу улиците “Румена Хаџипанзова” и “Киро Фетак”, правиме сериозен чекор напред во унапредувањето на сообраќајот во Драчево. Овој зафат е само уште еден доказ за решеноста на локалната самоуправа да ја трансформира Кисела Вода во модерна урбана средина со целосно решена инфраструктура и поквалитетен живот за сите нејзини жители-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Кривични пријави за директори на училишта во Берово за злоупотреба на превозот за ученици

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца директори на училишта во Берово поради незаконски избор на фирми за превоз на ученици.
Поднесена е кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавената, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари“, соопшти полицијата.
Исто така, поднесена е кривична пријава против С.К.(52) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари“, соопшти полицијата.