Македонија
Тренчевска – Ѕуо: Еднаквиот пристап за сите деца во детските градинки е на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес, се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.
Изминатата година со поддршката на кинеската амбасада Министерството за труд и социјална политика реализира изградба на инклузивни игралишта и опремување сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и во Кривогаштани.
Како што извести МТСП, на средбата било разговарано и за идни соработки во делот на детската заштита пресретнувајќи ги заедничките интереси на двете страни. На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните, повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа година, велат од СДСМ.
„Ова значи едно, животот е сѐ поскап, а власта нема ниту план, ниту капацитет да го заштити стандардот на граѓаните. Но, секако, има добар план да си ги покачува сопствените плати.
СДСМ повеќепати предупредуваше: цените растат и ќе продолжат да растат ако не се преземат мерките кои ги понудивме. Мицкоски се обидува да ги убеди граѓаните дека платите им растеле, но факт е дека единствено растат платите на неговите во Владата и институциите, додека народот едвај преживува“.
Оваа влада, додаваат од опозициската партија, нема економска визија, нема стратегија и нема емпатија. Оваа влада, според СДСМ, има само лични интереси и работи само за себе, и за никој друг.
СДСМ бара итна интервенција, конкретни мерки за заштита на стандардот, а не како што велат, лажни ветувања и манипулации.
„Граѓаните не може повеќе да бидат жртви на неспособноста и ароганцијата на оваа власт“.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ( Вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во С.Бразда ( општина Чучер Сандево )
· во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134. ( општина Сопиште )
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар. ( општина Карпош)
· од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково( општина Ѓорче Петров )
· и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска( општина Кисела Вода )
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.