Контакт

Соопштенија

Донација на „Окта“ за топол дом на младинците од СОС „Детското село“

Објавено пред

Со донацијата на 6.000 литри екстра лесно масло за греење, компанијата ОКТА по втор пат го обезбеди вкупното годишно количество гориво потребно за затоплување на една од куќите на СОС Детско село, во која живеат младинци без родителска грижа.

dobivaj vesti na viber

„Ни претставува особено задоволство што втора година по ред имаме можност да помогнеме во обезбедувањето топол дом за младите згрижени во СОС Детско село. Со оваа донација ќе биде задоволена вкупната годишна потрошувачка на гориво за греење на младинската куќа лоцирана во Радишани. На овој начин ОКТА продолжува со реализација на својата заложба да биде одговорен член на заедницата, обезбедувајќи подобри услови за живот за најранливите категории граѓани“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност во ОКТА АД – Скопје.

Во младинските куќи на СОС Детско село се згрижени младинци на возраст над 14-годишна возраст, каде оваа хуманитарна организација им обезбедува 24-часовна поддршка, грижа и помош, со цел младите да се подготват и оспособат за целосно независен и самостоен живот, како и нивна понатамошна ефективна интеграција во општеството.

„Благодарни сме што низ повеќегодишната соработка на неколку проекти, ОКТА прерасна во вистински долгорочен партнер на СОС Детско село. Таквите партнерства се особено значајни и драгоцени за нас, затоа што на организацијата ѝ овозможуваат полесно и долгорочно да ги планира своите активности, за децата да можат безгрижно да им се посветат на своите дневни обврски во образованието, но и да се подготват за вклучување во заедницата како самостојни личности“, истакна Силвија Брајовиќ, раководител на фондот за собирање средства од СОС Детско село Македонија.

На донаторскиот настан кој што се случи денес во младинската куќа во Радишани учествуваа и кошаркарите Војдан Стојановски и Дамјан Робев од националната кошаркарска репрезентација кои се дружеа со младинците згрижени во СОС Детско село и разговараа за тоа како се станува успешен спортист. Младинците добија потпишани кошаркарски топки и дресови, а беа поканети да присуствуваат на претстојните репрезентативни натпревари кои ќе се одиграат во Скопје. ОКТА е главен спонзор на националната кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Олимписките игри 2024 и во квалификациите за Евробаскет 2025.

ПР

Македонија

Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки

Објавено пред

Проектот Македонска Бесконечна Трансверзала, познат и под уметничкото име Sammiana се развива со брзо темпо и веќе оваа година се очекуваат и првите странски планинари.

dobivaj vesti na viber

Целото источно крило во должина од 1166км е веќе дигитално мапирано со сите потребни информации за трасата на оваа наша мега планинарска патека.

Она што е можеби најважно е сепак тоа дека четири секции од источното крило веќе се дел од светската Open Street Map, односно истите веќе се наоѓаат на сите популарни апликации кои ги користат планинарите од целиот свет. Со ова Македонија се вброи на списокот на земји со понуда за долгометражно пешачење и планинарење, односно конечно почнува да се искористува потенцијалот на она што Македонија може да го понуди.

Во југоисточниот регион низ кој поминуваат втората, третата и четвртата секција од источното крило веќе се и теренски маркирани скоро 300км од трансверзалата, додека во останатиот дел од источното крило има маркирани околу 80км од патеката. Со зголемување на температурите ќе се зголеми и темпото на маркирање и целта е до крајот на оваа година целото источно крило освен дигитално да биде маркирано и теренски – ни изјави Гоце Монев, координатор на југоисточниот реон на Асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала која го развива овој проект.

Најголемиот предизвик при маркирањето со кој се соочува асоцијацијата е како што се очекуваше – дивата, а на некои места и легалната сеча на шумите, што води кон уништување не само на маркациите туку и на самата патека.

Се очекува до крајот на оваа година да биде комплетирано и дигитално мапирано и целото западно крило во должина од 870км, со што ќе се комплетира целата трансверзала со вкупна должина од 2070км, најдолга на балканот и една од најдолгите во Европа и светот.

Секоја секција по една трансверзала

Секоја секција од Македонската Бесконечна Трансверзала е воедно и посебна трансверзала сама по себе, па така на светската Open Street мапа веќе се трансверзалите I1- Партизанска, I2 – Јужна Македонска , I3 – Спили и водопади и I4 – Источна Македонска во вкупна должина од 708км. Во следниве месеци на OSM мапите ќе бидат мапирани и I5-Осоговска, I6 – Славишка и I7 – Историска трансверзала.

Европски патеки

Европските патеки Е1 – Е12 се мрежа на долги пешачки патеки кои поминуваат на територијата на цела Европа

Со самото комплетирање се создаваат услови еден огранок од трансверзалата да стане дел од официјалните европски патеки, поточно дел од рутата Е7 која започнува од Португалија и води преку Шпанија, Франција, Италија, Словенија, Унгарија и во моментов завршува во Србија поточно на нашата северна граница . Дополнително, во иднина ќе може многу лесно, преку кратки странични патеки да се поврземе и со европските патеки Е4 која поминува низ Бугарија и Е6 во северна Грција.

Голем бенефит за руралниот туризам

Со овој проект Македонија ќе стане примамлива дестинација за сите планинари од целиот свет кои се љубители на трансверзалното планинарење, каде планинарите поминуваат од неколку дена до неколку месеци поминувајќи одредена подолга патека.

Овој тип на туристи се задржуваат многу подолго , што значи голем бенефит за македонскиот туризам и економија, а посебно за развој на средините низ кои поминува трансверзалата. Земајќи во обзир дека посетителите се движат пред се во руралните предели на земјата, каде ги вршат своите набавки и ги користат услугите на локалната заедница, повеќе од очигледни се придобивките за овие подрачја и нивниот развој.

Што е всушност Македонска Бесконечна Трансверзала?

Македонска Бесконечна Трансферзала ( кодно/уметничко име Sammiana ) е мега кружна трансверзала – непрекината планинарска патека која поминува низ поголемиот дел на територијата на Македонија, поминувајќи директно или во непосредна близина на огромен број природни убавини, историски локалитети и други знаменитости. Проектот се реализира од страна на асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала и досега се трасирани и дигитално мапирани над 90% од трасата а јавно од неодамна е достапно целото источно крило во должина од 1166км.

Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина , туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1500км се нови патеки кои наменски се трасираат за оваа намена.. Дополнително, со трасата се промовираат и многу предели кои се помалку познати за планинарската заедница и на некој начин се неправедно запоставени и покрај својата убавина.

Повеќе информации за новата македонска мега трансверзала може да се најдат на веб страната www.sammiana.com

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Престанете да штедите – време е да инвестирате – бесплатен водич за вашиот прв чекор

Објавено пред

Ако вашите пари стојат на штедна книшка и заработуваат 1% камата годишно, а инфлацијата „јаде“ 10%, дали навистина штедите или полека губите?

dobivaj vesti na viber

Во време на економска неизвесност, сè повеќе луѓе бараат алтернативи за своите финансии. Но, една работа е јасна – парите не треба да седат, треба да работат. Со оваа идеја, P2P.mk, првата македонска peer-to-peer (P2P) инвестициска платформа, објави бесплатен водич за инвестирање – практичен, разбирлив и дизајниран за сите што сакаат да започнат со инвестирање, но не знаат од каде.

Зошто е важен овој водич?

Повеќето луѓе мислат дека инвестирањето е комплицирано, ризично или резервирано само за финансиски експерти. Вистината е дека секој може да инвестира – само му требаат вистинските информации.

Водичот објаснува:

• Што е P2P инвестирање? – Како функционира и зошто станува сè попопуларно во светот.

• Како да почнете со мал капитал? – Дали е можно да станете инвеститор со само неколку илјади денари? (Одговорот е: да!)

• Како да го минимизирате ризикот? – Стратегии за паметно инвестирање.

• Што треба да знаете пред да вложите? – Разбирање на каматите, роковите и можностите.

Инвестирањето не е само за богатите – туку за паметните

„Луѓето често мислат дека инвестирањето е нешто комплицирано, нешто што го прават само финансиските магнати со огромен капитал. Но, тоа не е точно. Вистината е дека паметните финансиски одлуки започнуваат со знаење, а не со сума на пари. Затоа, решивме да создадеме водич кој ќе ја направи оваа тема достапна за сите“, истакнува Теодор Тодоровски, генерален директор на P2P.mk.

Како да го преземете водичот?

Водичот е целосно бесплатен и достапен за сите што сакаат да научат како да ги зголемат своите финансии. Може да се преземе од официјалната страница на P2P.mk: ➡ www.p2p.mk

За P2P.mk

P2P.mk е првата македонска платформа за peer-to-peer (P2P) инвестирање, која им овозможува на луѓето да ги зголемат своите пари преку директно инвестирање во кредити. Наместо класично штедење со ниски каматни стапки, P2P инвестирањето нуди реална можност за раст на капиталот.

Ако некогаш сте се запрашале „Како можам да направам моите пари да работат за мене?“, ова е првиот чекор.

Преземете го водичот денес и дознајте зошто паметните пари не спијат.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди

Објавено пред

Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн го потпишаа документот кој ги утврдува процедурите за соработка, координација и комуникација помеѓу оваа институција и рудникот. Со ова, новиот систем за рано предупредување на Рудник Саса и официјално стана дел од националниот систем за тревожење.

dobivaj vesti na viber

Покрај останатите технички елементи, новиот систем за рано предупредување на Саса вклучува и звучни уреди (сирени) поставени на неколку стратешки локации утврдени со експертска студија. Неговата примарна цел е преку звучни сигнали навремено да ги извести сите, вклучувајќи ги и жителите на населбите во близина на рудникот, како и оние кои живеат по течението на Каменичка река и во градот Македонска Каменица, за потенцијални опасности предизвикани од различни причини и природни непогоди кои можат да го загрозат живот и здравјето на луѓето и материјалните добра. Заради контрола на исправноста на системот предвидено е повремено вклучување на сирените, што ќе се врши согласно утврдените протоколи и во координација со ЦУК. За терминот и времетраењето на ваквите проверки жителите на општината Македонска Каменица ќе бидат навремено известени преку медиумите и други начини за информирање.

„Сведоци сме дека рудникот Саса во изминатиот период вложил многу во современа опрема и во имплементација на најдобри индустриски стандарди и практики наменети за намалување на  ризиците од инциденти и кризни ситуации кои можат да го загрозат животот, здравјето и безбедноста на вработените, како и на населението во околината на рудникот. Новиот систем за рано предупредување на Саса, кој од денеска и официјално станува дел од националниот систем за тревожење, секако е дел од ваквите напори на компанијата, кои се за поздравување и претставуваат добар пример што треба да го следат и другите компании и институции во земјата“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, при посетата на контролниот центар за далечинско управување со системот во Саса.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го поздрави поставувањето на новиот систем, истакнувајќи ја неговата превентивна улога за поголема безбедност на целокупната локална заедница. „Горди сме на тоа што нашата општина е прва во нашата земја која има функционален систем за рано предупредување од елементарни непогоди. Заедно со противпожарната кула која неодамна беше направена и ставена во функција, овој систем ќе овозможи рано откривање на потенцијалните ризици по безбедноста на луѓето и материјалните добра, што во голем број случи е пресудно при справувањето со кризни ситуации предизвикани од различни елементарни непогоди“, истакна градоначалникот Атанасовски, заблагодарувајќи се на рудникот Саса за неговата поддршка и вложувањата во реализација на овие проекти.

Инсталирањето на овој систем во Саса се одвиваше паралелно со имплементација на Глобалниот индустриски стандард за управување со јаловишта (GISTM), креиран од страна на Меѓународниот совет за рударство и метали и Програмата за животна средина на Обединетите Нации, со крајна цел – нула штета за луѓето и животната средина.

„Овој современ систем за рано предупредување е само една од многуте активности и проекти во кои инвестиравме за да обезбедиме највисоко ниво на безбедност, што е приоритет број еден во Саса. Токму грижата за луѓето, за нивната безбедност и благосостојба, заедно со заштитата на животната средина и просперитетот на локалната заедница, претставуваат основа за нашиот одржлив развој. Затоа ние во Саса, благодарение на поддршката од групацијата ЦАМЛ каде припаѓаме, и понатаму ќе продолжиме со реализација на ваков вид иницијативи, доследно почитувајќи ги националните регулативи и глобалните индустриски стандарди и принципи на одговорно рударство“, истакна генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн.

Од вклучувањето кон групацијата Централ Азија Металс (ЦАМЛ) во ноември 2017 година, рудникот Саса инвестираше над 80 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација на техничките процеси, реализација на капитални проекти, подобрување на безбедноста, подигнување на стандардите и условите за работа во рудникот, како и во професионалниот развој на вработените, потврдувајќи ја со тоа својата посветеност на одржливото рударство.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп воведе царини за увоз од сите земји, за ЕУ царина од 20 отсто

Претседателот Доналд Трамп денеска објави царини од најмалку 10 отсто за практично сите стоки кои доаѓаат во Соединетите држави, плус...

Македонија5 часа

Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан „царот“: „Го видов Палчо со пиштол и се слушна тап истрел“

По барање на одбраната на Влатко Кешишев, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше отстранет од судницата оти му било страв да зборува...

Македонија5 часа

Давкова благодарна до сите земји кои ни помогнаа по трагедијата, објави листа на државите кои пружија помош

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави...

Македонија7 часа

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре ќе остварат средба во владината зграда. Претходно денес, Мицкоски изјави...

Македонија9 часа

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија10 часа

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија12 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија12 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија12 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија12 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ13 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија15 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија17 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија18 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија18 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија18 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија1 ден

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија1 ден

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија1 ден

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...