Свет
(Видео) Централната команда на САД објави детали и снимки
Централната команда на САД исто така објави детали на „Икс“ за воздушните напади во Јемен.
On Jan. 11 at 2:30 a.m. (Sanaa time), U.S. Central Command forces, in coordination with the United Kingdom, and support from Australia, Canada, the Netherlands, and Bahrain conducted joint strikes on Houthi targets to degrade their capability to continue their illegal and… pic.twitter.com/bR8biMolSx
— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 12, 2024
„Оваа мултинационална операција беше насочена кон радарски системи, системи за противвоздушна одбрана и магацини и локации за лансирање еднонасочен напад со беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети. Акцијата беше одвоена од операцијата ‘Проспирити Гардијан’, одбранбена коалиција од повеќе од 20 земји, кои дејствуваат во Црвеното Море, теснината Баб ал-Мандеб и во Аденскиот Залив.
Незаконските и опасни дејства на Хутите нема да бидат толерирани“, објавија тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Голема акција во Италија: 142 лица се приведени за шверц на дрога, меѓу кои и цариници и полицајци
Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија Ндрангета („Свети луѓе“) привеле 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца, на југот.
Полицијата вели дека овие луѓе се осомничени за врски со „Ндрангета, трговија со дрога, мафијашко здружение и други злосторства.
Приведен е и службеник на италијанската царина и финансиска полиција.
Обвинителот на блискиот град Катанзаро, Винченцо Капомола, изјави за новинарите дека мафијашките групи ги „гушат“ трговците и претприемачите изнудувајќи од нив пари, а дека користат дури и малолетници за нивната главна дејност – трговија со дрога.
Свет
Џозеф Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и посака мирна година
Американскиот претседател Џозеф Бајден преку денешно писмо му ја честиташе 76-годишнината од независноста на таа земја на израелскиот претседател Исак Херцог и посака „годината што доаѓа да биде помирна“.
Во писмото, Бајден истакна дека САД се „горди на трајните односи со Израел“, во услови на затегнати врски во последните недели по заканата на американскиот претседател дека ќе ја запре испораката на оружје доколку израелската војска продолжи со копнената офанзива во Рафах.
„Минатата година беше длабоко болна, бидејќи Израел го претрпе најлошиот напад во својата историја на 7 октомври 2023 година. Но, народот на Израел покажа огромна сила и издржливост“, нагласи Бајден.
Европа
Новиот руски министер за одбрана го претстави својот план за војната во Украина
Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов, економист без воено искуство, денеска изјави дека сака да ги модернизира вооружените сили и да постигне победа во Украина со минимални жртви. „Целта на специјалната воена операција е секако да се постигне победа… и со минимални човечки загуби“, рече тој, но не појасни кое ниво на загуби би било прифатливо.
Русија не го соопштува бројот на загинати и ранети во редовите на својата армија во Украина. Од почетокот на нападот врз таа земја во февруари 2022 година, многу воени експерти проценуваат дека Русија претрпе големи загуби и зборуваат за десетици илјади мртви.
Новиот руски министер, исто така, рече дека сака да ги „оптимизира“ воените трошоци. „Првата (цел) е да се обезбеди интеграција на воената економија во целата економија на земјата. Ова не е лесно и бара оптимизација на расходите, што не значи нивно опаѓање“, рече тој.
Говорејќи пред Горниот дом на парламентот, тој додаде дека неговата втора цел е максимално да ја отвори воената економија за иновации, особено за „дигиталната технологија“. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата навечер направи промена во доменот на одбраната, повеќе од две години од почетокот на војната во Украина.
Тој го смени Сергеј Шојгу, кој беше негов лојален министер за одбрана од 2012 година, и го назначи за секретар на Советот за безбедност, тело кое ги собира највисоките руски функционери, но без никакви реални овластувања.
Во исто време, во тоа министерство започна чистка поради обвинувањата за корупција, со апсење на заменик-министер во април и апсење на генералот Јуриј Кузњецов, службеник за човечки ресурси, објавено денеска.
Назначувањето на Белоусов дојде во време кога воената индустрија е двигател на целата руска индустрија. Покрај тоа, Кремљ во вторникот објави дека поранешниот секретар на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на ФСБ, Николај Патрушев, е назначен за советник на Владимир Путин и ќе биде задолжен за бродоградба.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ги објасни причините за трансферот на Патрушев, само рече дека неговото „огромно искуство“ ќе игра голема улога кога се занимава со бродоградилиштето. Што се однесува до Шојгу, тој рече дека разговорот за „деградација не е соодветен“ бидејќи генералниот секретар на Советот за безбедност е во „директен контакт со шефот на државата и има голема одговорност“.