Свет
Италија одби да учествува во нападите врз Хутите

Италија одби да учествува во американските и британските напади врз Хутите во Јемен, изјави владин извор објаснувајќи дека Рим претпочита политика на смирување во Црвеното Море.
Изворот, кој не сакаше да биде именуван поради чувствителноста на ова прашање, исто така рече дека на владата ќе ѝ треба парламентарна поддршка за да учествува во каква било воена акција.
Соединетите Американски Држави и Велика Британија погодија повеќе цели во Јемен од воздух и од море, а Холандија, Австралија, Канада и Бахреин обезбедија логистичка и разузнавачка поддршка, соопштија американските власти.
Ноќните напади се одговор на повторените напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море – еден од најпрометните трговски патишта во светот.
Хутите поддржани од Иран објавија во декември 2023 година дека ќе ги таргетираат сите бродови што пловат за Израел, без разлика на знамето, и ги предупредија сите меѓународни бродски компании да не прават бизнис со израелските пристаништа.
„Доколку Газа не ја добие потребната храна и лекови, сите бродови во Црвеното Море, кои патуваат до израелските пристаништа, без разлика на нивната националност, ќе бидат цел на нашите вооружени сили“, рече портпаролот на групата.
Претходно оваа недела, италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, изјави за „Ројтерс“ дека нападите на Хутите мора да бидат запрени, без да предизвикаат нова војна во регионот.
Соединетите Американски Држави и другите земји ја почнаа операцијата „Проспирити гардијан“ минатиот месец за да ги заштитат цивилните бродови во прометното Црвено Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Скокнал од карпа висока 17 метри: германски турист повреден додека скокал во морето во Хрватска

Напливот на адреналин речиси довел до трагедија на една од плажите во Хрватска, но поради брзата интервенција на надлежните служби, германски турист, кој бил повреден додека скокал во морето, бил спасен, пренесуваат медиумите во регионот.
Инцидентот се случил во средата доцна попладне, на плажа во Хрватска. За да му се помогне што побрзо на туристот на непристапниот терен, на плажата слетал хеликоптер, пишува „Нови лист“.
Повредениот турист бил префрлен со хеликоптер во болница и, според последните информации, неговиот живот е надвор од опасност.
Вистинската драма на популарната плажа ја виделе капачите.
Пет туристи решија да скокнат во морето од карпа висока 17 метри, која во Брсеч се нарекува Лозаров столб.
Првиот скок, иако многу ризичен, помина без проблем, но за време на вториот скок, еден од нив се повреди и му беше потребна медицинска помош, раскажуваат тие.
Благодарение на извонредната координација на службите за итни случаи, за кратко време пристигнаа и пожарникари од Опатската противпожарна станица, а повредениот турист беше спасен.
Фото: принтскрин
Свет
Фон дер Лајен: ЕУ можеби ќе мора да го намали нивото на отвореност кон увозот од Кина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија можеби ќе мора да го намали нивото на отвореност кон увозот од Кина доколку Пекинг не воведе рамнотежа во трговските односи и додаде дека кинеските лидери почнале да го разгледуваат ова прашање и изразиле подготвеност да поддржат поголема потрошувачка.
„За разлика од другите големи пазари, Европа го држи својот пазар отворен за кинески стоки. Ова ја одразува нашата долгогодишна посветеност на трговијата базирана на правила. Сепак, Кина не возвраќа на оваа отвореност“, изјави фон дер Лајен за новинарите по состанокот со кинеските лидери во Пекинг, според Ројтерс.
Самитот Кина-ЕУ се одржува во Пекинг и, според официјалните лица, тоа е клучна можност за продлабочување на стратешката соработка, промовирање на меѓусебно корисни односи и обезбедување глобална безбедност и стабилност, по повод 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Европската Унија, пренесува Танјуг.
Свет
Ким Џонг-ун ја повика својата војска да биде подготвена за „вистинска војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика својата војска да биде подготвена за „вистинска војна“ додека го надгледуваше натпреварот во артилериско гаѓање, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Неговите забелешки доаѓаат во време кога Северна Кореја веќе испрати војници и оружје за да ѝ помогне на Русија во нејзината повеќе од тригодишна офанзива во Украина. Снимките емитувани од државната Корејска централна телевизија покажаа војници од артилерија како испукуваат гранати во морето.
Ким беше забележан како ја гледа вежбата преку двоглед од набљудувачка станица, опкружен со двајца воени претставници. Локацијата на натпреварот, не беше откриена. Според извештајот на Корејската централна новинска агенција, Ким ги повика војниците да бидат подготвени „за вистинска војна“ во „секој момент“ и способни да „го уништат непријателот во секоја битка“.
Јужнокорејските и западните разузнавачки агенции претходно објавија дека Пјонгјанг минатата година испратил повеќе од 10.000 војници во рускиот регион Курск, заедно со артилериски гранати, ракети и ракетни системи со долг дострел. Сеул вели дека околу 600 севернокорејски војници се убиени, а илјадници се ранети во борбите на страната на Русија.
Ким ѝ понуди на Москва целосна поддршка за војната во Украина за време на неодамнешните разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Двете земји, обете под строги меѓународни санкции, минатата година потпишаа воен договор што вклучува клаузула за заемна одбрана, за време на ретката посета на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг.
Фото: принтскрин