Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките недостасуваат лекови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/vmro-dpmne-e1527406133140.jpg)
Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите. Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами. За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за Трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, пишиува опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/пожар.jpg)
Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење се подготвува еден полициски хеликоптер кој ќе полета набргу, информираат од Центарот за управување со кризи.
На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица, а и хеликоптерот на МВР кој почна да исфрла вода.
Македонија
И по Заев, доаѓа Заев, вели Митева за изборите во СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Miteva.jpg)
„СДСМ беше партија која самата некогаш се фалеше дека има над 100.000 членови, a веќе сега гледаме дека едвај 20.000 членови се регистрирани за гласање. Им посакуваме брзо да се реформираат по оваа катастрофална состојба во која се наоѓаат“, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
Прашана за став за денешните внатрепартиски избори на СДСМ, Митева, рече дека „би кажала само дека и по Заев, доаѓа Заев“.
Прашана дали е оправдана владината одлука за укинување на факултетот за здраватвени услуги во Струга, Митева рече дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството.
„Мора да знаеме дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори, и едно од задолжителните начини за да се оствари истото е да се направат строги критериуми кој може а кој не може да отвора катедри на фалултети, но исто така треба да бидат свесни сите дека нема да поминат низ иглени уши сите оние кои што сакаат да ги злоупотребуваат законите“, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/venko-filipce.png)
Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има еден позитивен дух меѓу сите другари и другарки кои излегуваат на гласање, изјави кандидатот за нов лидер на партијата Венко Филипче, по гласањето на своето избирачко место во Општина Карпош.
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од СДСМ, Филипче, исто така, ги повика сите регистрирани членови да излезат да гласаат во што поголем број.
Во однос на сомнежите кои во изминативе денови излегоа во јавноста во однос на легитимитетот на постапката, Филипче, вели дека добиле известување од Централната изборна комисија дека тие сомнежи се неосновани.
„За спроведување на постапката одговорна е Централната изборна комисија која сите тие забелешки ги анализираше и не извести сите кандидати дека сите тие сомнежи се неосновани и дека целокупниот процес е легитимен“, изјави Филипче.
СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.
Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.
Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.