Македонија
Левица: Родителите на учениците од „Гоце Делчев“, „Идризово“ и „Дрма“ кои учат во ОУ „Његош” бараат организиран превоз со комбе
Ја известуваме јавноста дека советничката група на Левица во општина Гази Баба поднесе Барање за организиран бесплатен превоз за учениците од населените места: Гоце Делчев, Идризово и Дрма кои учат во ОУ „Његош”. По интервенција на градоначалникот Стефковски, барањето ниту не беше ставено на дневен ред, бидејќи, според него истото било незаконско! Дополнително, Стефковски со низа манипулации реагираше дека учениците од населените места Гоце Делчев и Дрма имаат бесплатен превоз, додека на учениците од Идризово не им следува бесплатен превоз затоа што местото не било оддалечено 2 километри од школото, велат од Левица.
„Јавно го прашуваме градоначалникот, по кој член и од кој закон е забрането општина Гази Баба да организира превоз за учениците од наведените населени места?! Законот никаде не ја ограничува можноста општината да го финансира овој превоз. Законот за основно образование предвидува кога учениците имаат право, односно кога МОН има обврска да финансира превоз во член 73: „Ученикот има право на организиран или бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште”, велат од партијата.
Оттаму додаваат: „Тоа не значи дека на општината ѝ е забрането да организира превоз и за други ученици, односно член 158 предвидува дека општината може да ја дополни добиената блок дотација, односно наменска дотација за образование со средства од сопствени извори, освен за платите на вработените во училиштата. Значи, не е точно дека не смее, туку јасно е дека градоначалникот Стефковски не сака да инвестира ни денар повеќе во образованието на учениците од општина Гази Баба отколку што се средствата добиени по основ на блок- дотации. Толку за тоа кој лаже, а кој ја кажува вистината! Дополнително, за населените места Гоце Делчев ,Идризово и Дрма барањето на Левица е да се организира превоз со комбе, како што е за учениците кои учат во населено место Огњанци. Моментално, учениците од населбите Гоце Делчев и Дрма само добиваат рефундација за автобуски карти, додека родителите од советничката група на Левица побараа и нивните деца да добијат организиран превоз со комбе. Левица го повикува Стефковски да работи во интерес на граѓаните и на следната седница, кога повторно ќе го поднесеме истото барање, место да порачува манипулативни текстови, да организира бесплатен организиран превоз со комбе за децата од Гоце Делчев, Идризово и Дрма кои учат во ОУ „Његош”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

