Македонија
„Зошто Лукаревска не го спречила милионскиот криминал, како УЈП не проверила дека лажно ѝ фактурираат мрежа од фирми“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Зошто Лукаревска не го спречила милионскиот криминал, како УЈП не проверила дека лажно и фактурираат мрежа од фирми? Срамота е Лукаревска како директор на УЈП, а воедно и заменик-претседател на СДС, за наводен успех да прикажува тоа што ѝ признава на јавноста дека е сторен милионски криминал преку УЈП и таа не можела да го спречи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лукаревска да каже и која е поврзаноста на тие фирми со СДС и ДУИ и дали има лица блиски до тие партии?
Буџетот е оштетен, граѓаните се оштетени, а Лукаревска тврди дека нешто открила. УЈП требало да ги провери милионските фактури, кои биле фиктивни, а врз основа на кои им исплаќала милиони на фирми што немале никаков имот.
Од кого сега Лукаревска ќе ги поврати парите на граѓаните? Народот што го полни буџетот е оштетен, парите, наместо за нови училишта или медицински апарати, завршиле во нечии џебови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:
„Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.“
Македонија
Мицкоски очекува убедлива победа на локалните избори: кандидатите се со план, програма и визија

Премиерот Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
,,Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.
Претседателот на владејачката партија дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.
,,За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, кажа Мицкоски.
Македонија
Османи: Очекуваме 150.000 гласа, по изборите, Националната алијанса за интеграција ќе биде втора политичка сила во државата

Кандидатот за градоначалник на Чаир и водечки глас на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, во рамки на денешната прес-конференција најави дека албанската коалиција која ја предводи ДУИ на изборите очекува историски резултат.
„Очекуваме да добиеме некаде околу 150 илјади гласови, како НАИ, и само околу 50-60 илјади за ВРЕДИ,“ изјави Османи. Тој нагласи дека според сите проценки, НАИ ќе биде втора сила на државно ниво, додека ВРЕДИ, како што рече, „ќе биде 5-та или 6-та.“
„За мене е важно што Националната алијанса за интеграција ќе биде втора сила со најмногу гласови во државата. Оваа држава треба да биде во партнерство меѓу двете најголеми заедници, албанската и македонската, почитувајќи ги правата на сите малцинства,“ порача Османи.
Тој нагласи дека овие избори имаат клучно политичко значење и ќе ги дефинираат новите односи на сила меѓу етничките и политичките блокови во државата. Според него, најважно е граѓаните јасно да ја искажат својата волја на 19 октомври.
„Овие избори ќе покажат дека имате еден победник кај македонскиот блок и вториот ќе биде НАИ, додека ВРЕДИ ќе биде 5-та или 6-та,“ рече Османи, додавајќи дека „важно е јавното мислење да се подели на овој начин на изборите“, заклучи тој.