Македонија
(Видео) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијативи до Уставниот суд за процена на законите за патните исправи и за безбедност на сообраќајот од 2021 година
„Денеска, до Уставниот суд поднесовме претставки за процена на уставноста на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за патните исправи (односно член 3) и Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 5), двата објавени во „Службен весник “ на 3.6.2021 година“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со овие претставки се бара Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително, во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе решение за привремена мерка. Односно, во согласност со Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд да го запре извршувањето на оспорените членови на законите сè до одлучувањето дали се тие уставни или не.
Двата члена, односно во двата закона се наведува дека патните исправи, односно возачките дозволи и возачките книшки, „кои го содржат натписот Република Македонија, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење, кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“. Овие членови во двата закона се директно спротивни на Уставот, и тоа во членовите 8, 9, 11, 25 и членот 27 од Уставот.
Со прифаќање на предлогот за привремена мерка до носење конечна одлука би престанало да важи на 12 февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови.
Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза, која е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март, половина од луѓето на кои им биле издадени пасоши и возачки дозволи (сменети се само 1,2 милион од 2,5 издадени пасоши), всушност МВР нема можност да ги замени документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени члена.
Воедно, со одлука на Уставниот суд за привремена мерка за овие два члена, односно за ограничување на рокот на важење на документите, ќе се избегне дополнително комплицирање и товар врз Собранието или, пак, непотребни билатерални комуникации со други држави.
Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде агилен и ќе ги земе предвид двете претставки за оцена, но и дека за двата оспорени члена на законот ќе се воведе привремена мерка.
Во оваа пригода сакаме и да укажеме дека личните карти не се опфатени за промена со краен рок 12 февруари. Тие важат и понатаму за сè што е потребно, па граѓаните да не се изложуваат на понижувања и турканици за промена на личните карти. Рокот е само за пасошите и возачките дозволи.
Накусо, за овие три години СДС и ДУИ издавале документи со подолг рок на важење од она што го презеле како обврска во 2018 година, за сега, иако ги имале предвид податоците колку пасоши и возачки дозволи треба да се променат, да не преземат навремени мерки и да се остави државата без потребниот број обрасци во МВР.
Ова е веќе видено, СДС и Оливер Спасовски ваква иста состојба предизвикаа и во изборната 2020 година пред техничката влада, само и само со една цел, на штета на граѓаните, товарот да го префрлат на техничкиот министер од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

