Македонија
„Ако машините се криминални, нека ги обвинат и Центар и Струмица“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС како да имаат вода во уши и песок во очи, ако машините се криминални нека ги обвинат и Центар и Струмица. Истите машини за бележење на коловоз се купени од страна на општините Центар и Струмица, каде што градоначалници се од СДС. Во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.
„Оттука следствено на тоа ЈО треба да отвори истрага и за нив. Па оттука може да се каже дека што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот.
Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики.
Но реалноста е сосема друга. Реалноста е дека машините се од најдобриот американски производител GRACO, и исти такви имаат набавено и голем број на приватни субјекти.
И општина Велес и општина Битола сега имаат најсовремени машини за бележење на коловози, и тоа ќе го прават сами, наместо да плаќаат скапи тендери секоја година.
Не поминуваат манипулациите на СДС. Народот јасно препознава што е добро а што не. Никогаш не било полошо од сега со СДС. Затоа важно е да ги поразиме“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

