Македонија
СДСМ: Се редат скандали во општините под ДПМНЕ, Пецаков доделил пари на клуб во кој е основач
Се редат скандали во општините под капата на ДПМНЕ. По сомнителните набавки на машини по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач, велат од СДСМ преку соопштение.
„Над 250 илјади евра, како што е објавено во Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година, се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.
Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.
Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?
Надлежно обинителство треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.
Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.
Исто така постои сомневање за судир на интереси, бидејќи директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.
Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ, а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.
Ништо не се менува во ДПМНЕ, тоа е истата партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

