Свет
Северна Кореја објави дека тестирала подводен нуклеарен дрон
Северна Кореја соопшти дека тестирала подводен дрон на нуклеарен погон во источните води како одговор на овонеделната заедничка поморска вежба меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија. Северна Кореја тврди дека Јужна Кореја и нејзините сојузници ги зголемуваат тензиите во регионот.
Наводниот нуклеарен тест на беспилотно летало се случи неколку дена откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун рече дека ќе се откаже од долгогодишната цел на неговата земја за мирно обединување со Јужна Кореја и дека неговата земја ќе го преработи уставот за да ја дефинира Јужна Кореја како нејзин најголем противник, пишува Си-би-ес.
Тензиите на Корејскиот полуостров се на највисоката точка во последните години, бидејќи Ким ги ескалира демонстрациите на оружје и се заканува со нуклеарен конфликт, а САД и нивните азиски сојузници одговорија со засилување на нивните заеднички воени вежби. Тестот на системот „Хаил-5-23“, како што Северна Кореја ги нарече своите подводни беспилотни летала способни за нуклеарен напад, беше спроведено од Министерството за одбрана во водите крај нејзиниот источен брег, се вели во извештајот, но не се наведува датум.
„Тоа не е нуклеарен дрон, туку подводно самоексплодирачко беспилотно летало“, рече воениот аналитичар Шин Џонг-ву од Корејскиот форум за одбрана и безбедност со седиште во Сеул.
Војската на Северна Кореја соопшти дека го извршила тестот во источните води како одговор на поморските вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, кои завршија во средата во водите јужно од островот Џеџу.
„Ќе се соочиме со непријателот со подводно нуклеарно оружје. Ќе продолжиме да ги одвраќаме непријателските воени маневри на САД и нивните сојузници.
Силно ги осудуваме САД и нивните сојузници за загрозување на безбедноста на Северна Кореја од почетокот на годината. Ги предупредуваме на катастрофални последици доколку продолжат со своите активности“, соопшти севернокорејското министерство за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

