Македонија
Левица побара вонреден инспекциски надзор на Усје

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје со писмено барање до Инспекторат на Градот Скопје и Сектор за заштита на животната средина, побараа вонреден инспекциски надзор над, по се изгледа, најголемиот индустриски загадувач на Скопје, цементарницата УСЈЕ, известуваат од партијата Левица.
„Сомнежите за работата на УСЈЕ на штета на воздухот на Скопје се оправдани и поради тоа што минатата година, по извршените заеднички мерења на Градот Скопје и Министерството за животна средина, покажаа огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици од работата на УСЈЕ, кои сериозно го загадуваат воздухот и ја загрозуваат животната средина околу индустрискиот капацитет на овој правен субјект.
Поради сето ова, од надлежните служби во Градот но и од Министетерството за животна средина, бараме да направат вонреден инспекциски надзор над работењето на индустрискиот капацитет ТИТАН Цементарница АД УСЈЕ Скопје“, соопшти Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.