Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со издавање на личните документи продолжува, Ковачевски, Пендаровски и Османи си играат пинг понг за проблемите на граѓаните
Наместо решение, хаосот со издавање на лични документи продолжува. Власта си игра пинг понг со проблемите и маките на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека јавно си ја префрлаат топката кој да се јави кај нашиот јужен сосед, Пендаровси, Ковачевски и Османи, граѓаните се оставени да се буткаат во редици за сликање и подигање за личните документи. Како да не беа доволни огромните редици, турканиците и нервозите кај граѓаните, неспособните од власта на ДУИ и СДС го намалија и работното време на шалтерите за сликање за лични документи. Неспособноста на Оливер Спасовски и МВР се гледа на дело поради тоа што навреме не набави обрасци за личните документи и со тоа и неможноста на време граѓаните да ги променат документите, велат оттаму.
Во МВР останати се уште околу 30 илјади обрасци за вадење на лични документи.
Поради неможноста за промена на над 1.2 милиони пасоши колку што се останати за промена, апелираме до власта на СДС и ДУИ да го пролонгира рокот за издавање на лични документи. Исто така бараме Уставниот суд во најскоро време да изрече времена мерка за ставање вон сила на одредбите од закнот за патни исправи кој се однесуваат на крајниот рок на промена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

