Македонија
УЈП со демант до ВМРО-ДПМНЕ: Управата нема направено поврат на ДДВ на споменатите фирми
Управата за јавни приходи најостро ги демантира наводите од страна на ВМРО ДПМНЕ, во кои по кој знае кој пат, изнесуваат невистини за работењето на Управата за јавни приходи и на тој начин се обидуваат да нанесат штета врз работењето на УЈП .
Случаите за кои кој денеска зборуваше Стоилковски, не се дел од презентираната афера од понеделникот.
Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки.
Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди,(а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста) Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг а не поврат и е врз основа на извршена контрола,за барање на поврат на ДДВ.
Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување.
Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции. Во Управата за јавни приходи работат професионалци кои одлично си ја знаат работата и за сите обиди за било какви малверзации согласно со надлежностите си преземаат соодветни постапки, се вели во демантот од УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

