Црна хроника
Тешко повреден 42-годишник од струшко откако работна машина излетала од патот
Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н. од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, појаснуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.