Македонија
Маричиќ му посака добредојде на Џејмс О`Брајан
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го пречека Џејмс О’Брајан, шефот на Одделот за координација на санкциите при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и именуван помошник-државен секретар за Европа и Евроазија.
Вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на О`Брајан и му се заблагодари за поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на Северна Македонија.
Помошник државниот секретар О`Брајан е дел од делегацијата на стратешките партнери на државата кои ќе учествуваат на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан чијшто домаќин е Владата на Република Северна Македонија, вечерва и утре во Скопје.
Поддршката на САД кон Северна Македонија доаѓа секогаш во вистинско време, за што сме исклучително благодарни рече Вицепремиерот.
Во пресрет на лидерската средба посветена на Планот за раст на Западен Балкан, нашата држава ја има таа чест да ги поврзува сите учесници, делегациите на земјите од регионот и со тоа да ја покажеме нашата сериозна посветеност кон евроатлантската интеграција, развивање и просперитет на државата и на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

