Контакт

Економија

(Видео) Преку инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура до здрава животна средина и европска иднина

Објавено пред

Денеска во рамки на годишнта конференција „Година на европски можности“, на втората панел дискусија „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ дискутираа министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ и Славјанка Пејчиновска Андонова, консултант за животна средина.

dobivaj vesti na viber

Министерот Бектеши во своето обраќање се осврна на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија која што беше презентирана на крајот на минатата година.

Како што потенцираше министерот, Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција претставува основа за инвестиции и развој на политики кои што ги здружува владата, меѓународните финансии и приватниот сектор со цел за поддршка на процесот за енергетска транзиција на земјата.

„Северна Македонија постави цел за намалување на емисиите на стакленички гасови од 82% до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година. Со ова се докажува нашата посветеност на принципите на Договорот од Париз и претставува значителен чекор кон поодржлива, конкурентна и праведна иднина. Енергетскиот сектор, кој беше значаен придонесувач за емисиите на нашата земја, се наоѓа на чело на овој процес на транзиција“.

Министерот потенцираше дека оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас.Бектеши информираше дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот,потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.

„Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производтсво на електирчна енергија со јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државатан зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Република Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од „Газпром“, истакна Бектеши.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова кажа дека оваа Влада (после неколку одбивања на минатата) е таа која ја препозна ратификацијата на Договорот од Париз како можност за пониско јаглероден раст и развој на државата и како инструмент за привлекување на инвестиции во реализирање на целите на истиот. Имаме поставено среднорочни и долгорочни цели за декарбонизиран раст и развој, согласно глобалната цел од Договорот од Париз, но и согласно Европскиот зелен Договор за јаглеродно-неутрална Европа до 2050 и климатскиот и енергетски пакет до 2030 година, ги имаме идетификувано политиките и мерките за намалување на климатските промени во различни сектори (енергетика, (вклучително и транспорт), земјоделство, употреба на земјиште, шумарство, индустриски процеси), знаеме колку чини реализацијата на мерките и знаеме од каде да ги обезбедиме тие средства“ – истакна министерката Шукова.

Таа потенцираше дека според проценките од долгорочната стратегија за климатска акција овие инвестиции создаваат приближно 10.000 зелени работни места, а за преминот кон зелена и циркуларна економија како најголем извор на инвестиции се ЕУ предпристапните фондови, но секако и финансиската помош на други држави, како што е Швајцарија, Холандија, Германија, Шведска и другите билатерални и мултилатерални донатори и меѓународни финансиски институции како ЕБРД и ЕИБ и секако помошта од Инвестициската Рамка за Западен Балкан.

Директорот за инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов истакна дека ЕСМ ќе се трансформира и декарбонизира со меѓународна помош и експертиза.

„Една од сериозните можности е Инвестицискиот план кој кажува дека се обезбедени вкупно три милијарди евра, но овие средства не се за ЕСМ, туку за сите, за домаќинствата, за приватниот сектор, за малите и средните претријатија, но треба да ги гледаме како средства насочени за трансформација на регионите кои биле засегнати со јалген- Пелагонсикиот, Битолскиот и регионот во Кичево. ЕСМ тука треба да има сериозна улога, бидејќи во последните 40 години тие луѓе таму дишеле неквалитетн воздух и треба да им се оддолжиме. ЕСМ треба да се грижи посебно за тој регион, во Битола и Осломеј, кажа директорот Андонов.

Славјанка Пејчиновска Андонова, консултант за животна средина која со својот тим учествуваше во изработка на Извештајот за стратешка оцена на Инвестициски план за забрзана транзиција од јаглен на Република Северна Македонија зборуваше за овој многу важен контролен механизам на усогласување на стратегиите, полититките и плановите во корист на животната срединиа.

Според извештајот, Инвестицискиот план овозможува бројни позитивни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето, преку: намалување на емисиите на стакленички гасови (околу 32% од стакленичките гасови од енергетскиот сектор до 2050 год), намалување на емисии на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух – 100% редукција на загадувачки супстанци кои потекнуваат од РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, подобрување на квалитетот на воздухот посебно во околината на двата енергетски капацитети и подобрување на здравствената состојба на населението и работниците, подобрување на квалитетот на почвата и подземните води на локациите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј – рудниците, одлагалиштата со пепел преку ремедијација на локациите, поголемо учество на обновливите извори на енергија во однос на фосилните горива; индиректно подобрување на состојбите со квалитетот на површинските и подземните води и состојбата со присутниот биодиверзитет; обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти; поттик за зелени бизниси, зелени вештини и ред други придобивки.

Економија

Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.

dobivaj vesti na viber

„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.

„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.

Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Прикажи повеќе...

Економија

„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија

Објавено пред

Од

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.

dobivaj vesti na viber

САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.

Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.

Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.

„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.

Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.

Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.

На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.

Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион6 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија9 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет10 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија12 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија14 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...