Македонија
Османи- Борел: Неопходност од постепена интеграција на земјите од Западен Балкан пред формалното членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие, процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.
Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки, што всушност претставува наш заеднички интерес.

„Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството“, истакна Османи.
Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.
Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

