Македонија
(Видео) Левица: „Народот во Чашка секој ден држи лекции за отпор против бандите на ДУИ“
„Министерот Јетон Шаќири, заедно со поткупената директорка на ООУ „Тодор Јанев” – Елена Николова во Чашка со месеци се обидуваат незаконски да воведат албанска паралелка. Ваквото дивеење на Шаќири и на неговата платеничка Николова наиде на силен отпор од населението во Чашка, кое секој ден протестира против великоалбанската агенда на амнестираните бандити од ДУИ“, велат од Левица.
„Во текот на вчерашните протести, платеничката на ДУИ, односно директорката Елена Николова со полиција три пати се обиде да влезе во просториите на училиштето. Но, родителите кои протестираа, заедно со пратеникот од Левица – Борислав Крмов и советникот во општина Велес – Димитар Абрашев, се спротиставија на полицијата и не дозволија директорката да влезе во училиштето“, се наведува во соопштението на Левица.
„Овој искрен гнев на населението на Чашка трае со месеци и родителите секој ден протестираат пред училиштето. Директорката Николова е принудена секој ден да доаѓа со полиција на своето работно место, каде е соочена со револтот на родителите. За жал, медиумите и јавноста речиси и ги нема да пренесат за секојдневниот искрен отпор на населението во Чашка, кое е подготвено нивните деца да изгубат и училишна година – само за да не помине насилството на Шаќири и ДУИ!
Во овие мигови за Републиката, окупирана од квинслинзите од СДС и балистите од ДУИ, локалното население во Чашка држи лекција за храброст, истрајност и отпор против насилниците на власт“, се додава во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

