Свет
Мајка во Франција го оставила 9-годишниот син да живее сам две години во стан

Мајка во Франција минатата недела беше осудена на 18 месеци затвор затоа што не се грижела за своето 9-годишно дете, кое го оставила да живее само во стан во градот Нерсац две години (од 2020 до 2022 година).
Се чини дека момчето најмногу јадело колачи, конзерви и украдени домати. За тоа време мајката живеела со партнерот во друг стан, оддалечен пет километри, и одвреме-навреме го посетувала детето, пишува Си-ен-ен.
Градоначалничката на Нерсац, Барбара Кутурие, изјавила дека момчето често немало топла вода или греење. И покрај целата ситуација, тој продолжил да оди на училиште и бил добар ученик. Кутурие ја упатила полицијата откога мајката побарала од социјалните служби да ѝ помогнат да купи храна.
„Ја запознав мајката на детето во мај 2022. Таа рече дека има финансиски проблеми. Ѝ дадовме четири бона за храна, но таа земаше преработена храна, па се посомневав. Стапив во контакт со станарите од зградата и некои од нив ми кажаа дека момчето, всушност, живее само. Поврзав што се случува и повикав полиција“, изјави Кутурие.
Од 19 септември 2022 година детето е во надлежност на социјалните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.
Свет
Руското Министерство за надворешни работи: Полска шири митови

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата дека беспилотните летала намерно влегле во полскиот воздушен простор, нарекувајќи ги митови.
Ја обвини Варшава за „понатамошно ескалирање на украинската криза“ со вакви тврдења, но потврди дека е подготвена да учествува во евентуални разговори со Полска.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „ниту една педа на територијата на Полска не е планирана како цел“ и дека максималниот дострел на руските беспилотни летала што се користат во нападот врз Украина не надминува 700 километри.