Македонија
Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за ова влада, СДСМ ги направи Македонците кираџии во сопствена земја
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за оваа влада, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешнската собраниска седница за избор на техничка влада. Причините зошто ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа се оти смета дека не е законски премиерското место да го добие партијата која има помалку пратеници, како и партија која е поврзана со најголем број скандали во корупција.
Тој рече дека верните партнери на ДУИ денес македонскиот народ го направија кираџија во сопствена држава и приредија понижувачка дуизација на државата.
– Денес Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата и за нивните фотелји од СДСМ направија привезок на ДУИ, – порача Милошоски.
Тој на предложените министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им порача да внимаваат на министрите од владејачката коалиција.
Милошоски порача дека овој ден не е историски, освен што историски државата има најголема инфлација, историски најлошо здравство и највисоко ниво на корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

