Македонија
Ковачевски: Подготвени сме, победа на 8 мај на СДСМ и проевропската коалиција
Вечерва не отвораме само промотивна канцеларија на СДСМ, вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8-ми мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. Прво затоа што СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите…. И второ затоа што со СДСМ граѓаните знаат дека земјата има иднина, европска иднина, дека има слобода и демократија. ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, со нив нема иднина, а најмалку европска, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ им се заблагодари за масовното присуство на граѓаните, симпатизери, поддржувачите и членовите на СДСМ вечерва масовно и во голем број присуствуваа на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата.


„Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до правдата. Колку ќе трае судењето, дали ќе бидат пет месеци или пет години никој не може да знае“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Најави транспарентност за време на судењето, а оштетените ги замоли на судењата да се договорат да испраќаат по еден член кој подоцна ќе им ги пренесува информациите оти и најголемата судница во земјава се покажа тесна.


Судијката повика на дисциплина на судењата и нагласи дека секој што нема да ги почитува „правилата на игра“ ќе биде опоменат, а втора опомена ќе значи исфрлање од судница или парична казна.
За заштита од непотребни одлагања, судијката рече дека судот дополнително ќе ги проверува сите лекарски белешки.
Судењето почна утрово, но повеќе од еден час трае евиденција на присутните.
Ова е најголемо судење во земјава со обвинети 35 физички и три правни лица, 15 обвинители, а многумина од обвинетите имаат и по двајца адвокати.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.

