Македонија
Намалување на платата на администрацијата за 2.500 денари од март предвидува законот што стигна во Собранието, предупреди ССМ
ССМ во текот на вчерашниот ден испрати барање до сите координатори на пратеничките групи и до претседателот на Собранието за овозможување на Синдикатот како претставник на работниците да учествува во процесот на донесувањето на законот за административните службеници.
„Наша критика е тоа што не сме вклучени во процесот. Синдикатите не се вклучени во донесувањето на овој закон иако имаме сериозни забелешки, кои ги доставивме до сите координатори на пратеничките групи. Жалиме што се обидуваат на ваков начин на крајот на мандатот да протнат законско решение, кое ќе ги чини вработените во јавниот сектор, односно сите оние работници на кои се однесува законот за административни службеници, 2.500 денари помалку на нивната плата од март 2024 година. и сметаме дека тоа ќе биде поразително“, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
„Она што го добија вработените од тој закон во 2023, денеска први ќе го загубат како право. Усогласувањето на платите се случува од март 2025 година, веројатно ја помешале годината, па во 2024 година планираат да ја скратат минималната плата како основица за пресметка на платите на вработените“, рече Трендафилов.
Сериозни забелешки имаат и во однос на тоа што синдикатите не се вклучени во креирање на бодот.
„Владата сама одлучува на некоја затворена седница колку ќе изнесува бодот врз основа на која ќе ги добиваат платите. Имаме и други забелешки, затоа баравме пристуство на расправата на комисијата. Не знам зошто се срамат пратениците од нас да присуствуваме и да им ги кажеме сите овие забелешки. Ние сме ги кажале овие забелешки на премиерот, на министрите, но сметаме дека треба да ги слушнат и пратениците“, рече Трендафилов.
Тој рече дека има информација оти денеска повторно ќе се продолжи со расправата и додаде дека стојат на располагање да им кажат што сакаат да им направат на работниците.
Според него, законското решение има низа добри елементи, но тоа е од 1 јануари 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

