Македонија
Нино Васев доби забрана за работа и остана без пасош
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот на Онкологија, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот, донесе решенија, со кои: се прифаќа предлогот и на Н. В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст. 1, т. 1, 2, 3 и 7 од ЗКП, односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземање патна исправа и забрана за издавње нова и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
„На Н. Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗКП, односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземање патна исправа и забрана за издавње нова“, известуваат од Основниот кривичен суд Скопје.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

