Македонија
Полицаец забележал како војникот на АРМ од кула на затворот Идризово им фрлил ќеса со 10 мобилни на затворениците во дворот
Полицаец кој го обезбедувал затворот го забележал професионалниот војник на АРМ како шверцува мобилни телефони во затворот Идризово. Против војникот попладнево Обвинителството соопшти дека отвора постапка за кривично дело злоупотреба на службена положба оти додека го обезбедувал затворот ги снабдувал затворениците со телефони иако се забранети.
Министерството за внатрешни работи преку соопштение извести за деталите.
„На 01.02.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје, полициски службеник за обезбедување на Казнено – поправната установа Затвор Идризово забележал дека Е.С.(22), вработен во Армијата на Северна Македонија, кој исто така врши обезбедување на затворот, од една од кулите фрлил кеса со 10 мобилни телефони во дворот од затворот, која била подигната од еден од затворениците. Е.С. е обезбеден од Воена полиција и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти МВР.
Од 8 јуни минатата година, кога беше прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување безбедносни закани, за одржување на редот во затворот, на затворската полиција ѝ помагаат полицајци од Министерството за внатрешни работи и војници од Армијата. територијата на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје, што им укажало дека се регулираат и бегствата од затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

