Македонија
(Видео) Д-р Николов: ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има план да го ресетира здравството
За здравството во последните седум години има само една констатација, тоа е во полукоматозна состојба, на апарати, рече на денешната прес конференција, Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта на СДС и ДУИ со лошо менаџирање го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање наназад за неколку децении. Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот “ЌЕ” живот реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања. Сведоци сме и на разрешувања и кардовски решенија без никакви критериуми односно чисто партиско влијание кое се определува врз основа на рок на некакви сертификати“, вели тој.
Додава дека „ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има план преку Платформата за здравствениот систем да го ресетира здравството преку подобрување на три клучни сегменти, а тоа се ефикасност, ефективност и економичност“.
„Приоритет ќе ни биде зајакнување на здравството во регионите, односно завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница и столб на здравството во источна Македонија. Приоритет ќе ни биде укинување на дуализмот со врзани потписи и спојување на Клиниките во еден Клинички центар. Приоритет ќе ни биде модерен Клинички центар и подобрување на функционалноста на здравствените институции. Приоритет ќе биде зајакнување на примарното и секундарното здравство. Ќе ги вратиме едукацијата и обуките во странство, како главен столб на кадровската политика. Овие едукации и обуки беа укинати последните 7 години. Веднаш ќе иницираме законски измени со цел да се вработува најдобриот медицински кадар, во рамки на национална стратегија за здравство. Ќе ги вработуваме и најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта. Ќе ги зајакнеме ресурсите на итната медицинска помош и ќе го зголемиме бројот на пунктови на итна медицинска помош“, кажа Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците
Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи за вонсемејна грижа, денеска се одвива без потешкотии во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Од Комисијата информираат дека гласањето започнало во 7 часот изутрина и се спроведува непречено на целата територија, вклучувајќи го и Градот Скопје.
Според податоците на ДИК, денес право на глас остваруваат 4.826 болни и немоќни лица, 1.256 лица сместени во 14 казнено-поправни установи и 214 граѓани во 13 центри за вонсемејна грижа.
Вториот изборен круг од локалните избори 2025 ќе се одржи утре, кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за избор на советници.
Според избирачкиот список, право на глас имаат вкупно 1.013.375 граѓани.
Македонија
(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес.
Цеца се завитка во бугарското знаме, што предизвика негодување кај публиката на концертот, по што таа објасни:
„Не е чудно што секогаш сум среќна да го прифатам секое знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојата публика, мојот народ. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа некој. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Имавме концерт“, вели Цеца, а за реакциите и бунтот на социјалните мрежи кажа:
„Реакциите се случија во салата, помеѓу мојата публика и мене. Знаеме како се забавувавме – што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене“, нагласи таа за Блиц.
На концертот таа потоа го крена и македонското знаме.
Македонија
Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април
Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор.
Од она што досега е познато, Ѓорѓиевски бил болен и неговата состојба била оценета како тешка.
„Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов на социјалните мрежи.

