Црна хроника
Приведен 39-годишен скопјанец, шверцувал мигранти од Сирија
Вчеравечер, околу 19 часот, во близина на село Прдејци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 39-годишнниот Д. А. од Скопје, извести МВР.
„При преглед во возилото “ауди’, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Мигрантите бил сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден 72-годишен возач на електричен тротинет
Вчера околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Приведен разбојник во Гостивар за издржување на тригодишна затворска казна
Полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 29 годишен маж од Прилеп на улица „Живко Брајковски” во Гостивар.
Тој бил баран по потерница поради судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за кривичното дело „разбојништво”.
По приведувањето, Ѓ.Ш. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде ќе ја издржува својата казна.
Црна хроника
Почина кумановец, паднал и со главата удрил во земјената површина пред стадионот на ФК „Башкими“
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.
Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.
Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.