Македонија
Ковачевски: На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток
На изборите во 2024 година ќе имаме два блока на политички партии, едниот кој ќе биде за европски интеграции и другиот кој што ќе биде за изолација, едниот блок кој што ќе биде за Македонија да биде членка на ЕУ, дел од Западна Европа, и вториот блок со некаква алтернатива нејасна, необјаснета од никого која што ќе гледа повеќе на Истокот колку на Западот, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања.
На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток, дали ќе оди за Европа или ќе оди за некакви недефинирани алтернативи кој што никој не ги објаснил. Сепак е нивна одлука, додаде Ковачевски.
-Секоја политичка партија прво одлучува во рамките на своите органи,за тоа како ќе се постави во политичкиот простор, и второ секоја политичка партија ги бира своите коалициони партнери согласно со вредностите што ги дели. Јас кажав уште пред година и половина дека на изборите во 2024 година ќе имаме два блока на политички партии, едниот кој ќе биде за Европски интеграции и другиот кој што ќе биде за изолација. На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток, дали ќе оди за Европа или ќе оди за некакви недефинирани алтернативи кој што никој не ги објаснил. Сепак е нивна одлука, рече Ковачевски.
Ковачевски побара МВР на ригорозен начин да интервенира за случајот со пронајдениот куршум и тепчката во Тетово.
„Секако дека ме загрижува и колку што знам МВР веќе има интервенирано, во делот на тепачката која што се има случано во Тетово каде што е нападнат директор на владина институција од страна на лицето кој што е идентификуван со име и презиме и сметам дека МВР со тоа треба да заврши и доколку е точно информацијата која што сега ја споделив, тогаш треба на ригорозен начин да се интервенира во случајот“, рече претседателот на СДСM, Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

