Свет
Истражување: Повеќе од 10 отсто од младите луѓе во светот имаат проблеми со менталното здравје
Децата, тинејџерите и младите сѐ почесто имаат проблеми со менталното здравје, според новата анализа објавена од Американското медицинско здружение (AMA).
Цитирајќи податоци од студијата за глобално оптоварување на болеста од 2019 година, тим од бразилски и канадски универзитетски научници предупредија на период од детството до раната зрелост, во кој има „зголемена подложност на појава на ментални нарушувања“.
„Постои висока преваленца на ментални нарушувања, кои ги погодуваат децата и младите, што укажува дека едно од десет луѓе (или 293 милиони од нив) на возраст од 5 до 24 години во светот живеат со дијагностицирано ментално растројство“, објави АМА.
Тие понатаму открија дека „околу една петтина од сите попречености поврзани со болести“ може да се припишат на „ментални нарушувања“ во возрасната група од 5 до 24 години, што според нив „сочинуваат една четвртина од животниот товар на ментални нарушувања“.
Тимот рече дека треба да се спроведат повеќе истражувања насочени кон потесни опсези на тие возрасни групи.
„Менталните нарушувања се поврзани со високи стапки на напуштање на образованието, ниска економска продуктивност, затворање, самоубиство и бездомништво, меѓу другите негативни исходи што влијаат на поединците, семејствата и општеството како целина“, велат тие.
Други неодамнешни истражувања укажаа на ширењето на социјалните мрежи како двигател на влошување на менталното здравје кај младите луѓе, а основачот на „Мета“, Марк Цукерберг, во јануари им се извини на родителите чие здравје на децата беше оштетено со користење на апликациите на неговата компанија, вклучувајќи ги „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Истражувањето објавено минатата година од „Галуп“ покажа дека цврстите врски родител – дете може да помогнат да се спротивстават на негативните ефекти на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

