Свет
Американскиот министер за одбрана чувал во тајност дека боледува од рак, ќе биде сослушан пред Конгресот

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари во врска со тоа што не ја открил својата дијагноза на рак, како и последователната хоспитализација, вклучително криејќи и од претседателот Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Конгресот.
„Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом дека Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со потегот да не ја објави неговата хоспитализација“, рече портпаролката на Комитетот за вооружени служби, Џастин Трипати.
Остин се извини за време на телевизискиот брифинг минатата недела што не им кажал на Бајден и на високиот персонал за неговата неодамнешна дијагноза на рак на простата предвреме додавајќи дека стравот за здравјето бил удар што го вознемирил.
Остин (70) се извини и за начинот на кој се справи со последователната хоспитализација, која со денови се чуваше во тајност од јавноста, високиот персонал и самиот Бајден. Инцидентот предизвика политички метеж. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа смена на Остин од функцијата.
Остин е пензиониран генерал, кој ги водеше силите во Ирак и е првиот црн секретар за одбрана на Америка. Бајден рече дека има доверба во Остин и покрај тоа што претседателот се согласи дека е погрешна процената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.