Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од две години
Синоќа во близина на селото Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци.
Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Сузуки“ излета од пат, четворица се повредени
Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.
Топ
Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал
Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект што се користел како фурна, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот во објектот, сопственост на М.И. од селото Криволак, изгаснат бил од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино.
Нема повредени лица, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.